страна ж.
страни несв.

страна (ж.)

Овдешен не сум; ја сја родих далеко, Во јужна и топла страна, Мене отхрани после мајчино млеко Вардарска бистра вода.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Младите штрчиња ги учеле да летаат нависоко и Аџијата беше распратил абер по сите страни да се чинат азар сите штркови, за на свети Панделимон да тргнат за на вилает; му стори абер и на Силјана за и тој да се стори азар.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- „Можам, Силјане, да ти кажам како се сторило себап за да не ни траат челадта во старо време и да одиме во вашите страни да раѓаме.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се растури со влегувањето на Италија во Првата светска војна (1915) на страната на Антантата (со Англија, Франција и Русија).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По овие страни, по пределот бујат, во црвени крвје што пребликнал сега, за храбрите еднаш песни ќе се чујат и како во синџир оро ќе се стега.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
И наскоро оган се отвори, вџашен, — од едната страна комитите смели, бестрашните чеда во животот страшен, од другата Турци на булуци цели.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Тој не бега негде во сигурна страна, тој бегалец не е што потта го роси.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Ваквата програма (блиска и на руската политика – заради други цели и интереси) навистина сретна жесток отпор од страна на Организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Велам, и му дојде време на печалба да оди, да остави некој грош на страна.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ТЕОДОС: Што, и ти држиш циганска страна!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А утринава кога станав што ќе видам, потемнето од сите страни и си мошори.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Под прозорците миндер што ја зафаќа и целата десна страна, подреден со килим и перници.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Селска сиромашна соба на земја; лево во дното врата; десно огниште со прозорци од страните, а под нив камари; десно од вратата прикачена е ламба.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Како саморазвивање на самите поими, како логичко раздвојување на единственото, како повторно воспоставување на неговите спротивни страни, појави, особености, итн. — но не како воспоставување на старото единство, туку како нешто ново и на повисок степен подигнато.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Таа е и тоа и нешто спротивно, но не нешто спротивно „однадвор“, не како проста и мртва негова разлика, туку како негова жива спротивна страна, појава, особеност, суштина, итн., којашто и го обусловува.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Таа е зависна и независна, се „објективизира“ во природата и општеството, по степените од дадените и допрва создаваните појави на природата и општеството, во нивните најразлични, најмногубројни и сѐ повеќе растежни страни и форми.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Да те чуе некој од некоја страна ќе помисли дека си мрдната од умот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Баба Анча немаше среќа да си ш изгледа децата свои и да си ги жени, да се зарадува, но затоа пак, господ од друга страна ѝ наврти радост во куќата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вистина сѐ што живее в планина е дивно, но за тоа пак има друга добра страна: сѐ е слободно.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Повеќе