стражарница ж.

стражарница (ж.)

Од стражарницата крај мостот дотрчува уште еден.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Грацио, боно бамбино! - израдувано викна стражарот со брадичката, го зеде шишето и кошничето со јајцата и влезе во стражарницата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Така катаден, двапати, турмата од жени и старци квечерум трча зад камионите сѐ до фурните, до првата стражарница, до првиот бункер зад кој продолжува патот накај Елбасан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сѐ додека во еден есенски ден, додека грмушките отаде оградата почнале да врзуваат плод тамам толку зрел колку да ти ја подотвори и така жедната уста, не само за дланка вода колку да преживееш туку и за стрвост по недозреано овошје, во луда желба што побргу да се досегнеш до смислата на живеачката, иако уште не си почнал да живееш - додека уште беше видно, Баге не се реши да се провне под жицата на оградата и како јазовец да исползи меѓу кулите на стражарниците до првата џбунка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Маестро Миха, држејќи до својот углед, а придржувајќи ја шарената марама околу непотстрижениот врат и брадосаниот грклан, ги испрати до излезот на бараката и патем им го покажа своето уметничко легло (мала ама самостојна просторија, нешто како портирница; или стражарница, како што би се изразил генералот, упатен во некогашната намена и на бараката, и на другите бараки, и на секој дел од логорот).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сепак, и покрај сите мапи, сите цариници, стражарници и опрема за следење, луѓето секогаш ќе наоѓаат начини да ги заобиколат границите или да ги користат за свои сопствени цели.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сите ги бараат своите најблиски: во тие стари чешки и италијански камиони што не сакаат да подзастанат сите трчаат крај камионите, се туркаат, се удираат, а оние кои паѓаат, остануваат да лежат поснопица, изгазени од навалицата... така ката ден, двапати, турмата од жени и старци квечерум трча зад камионите сѐ до фурните, до првата стражарница, до првиот бункер зад кој продолжува патот накај Елбасан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во далечината, којзнае каде, се гледаше светлинка во некоја си стражарница, која изгледаше како да стои на крајот на светот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Очаен, неуморно викајќи, почна да трча преку плоштадот право накај стражарницата, покрај којашто стоеше стражарот и, потпрен на својата халебарда, чиниш, гледаше заинтересирано, со желба да дознае кој ли ѓавол трча оддалеку кон него и вика.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стражарницата во вид на михраб на мостот, обично вградуван во внатрешноста на џамијата, можела да биде замислена и како вид божјо испраќање на војски во нивни походи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)