страдален (прид.)
Не пеј песната страдална - в гората капат лисјата. водите течат - ронат брег и влечат млади јасики.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Каква сигурност, какво спокојство се влеваше во неговата страдална душа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој човек има голема, широка, страдална душа, која кај што стигне, добрини сее.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но, понекогаш смртта си иде како природен крај на еден голем и страдален живот чија мисија се преточува во друг живот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Дали во него се пренесуваше неговиот неостварен сон да излезе од маѓепсаниот круг на балканскиот егзил или имаше нешто друго, величествено во неговиот страдален живот, преполно со заминувања, со неизвесности.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
2. Врз папокот времето си седнало
За дома да си дојде ожеднало
Ни првата година не мина
во резето на душата болест зина,
уште спомените топли ми беа
животот облече страдална дреа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Зборови кои ќе допреа во длабините на нејзината страдална душа...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)