стока (ж.)
Сета стока си похарчил зашто живејал грешно и блудно, и осиромашел, и дошел веќе да се остави от Бога.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Или чума изморила синове ти, дштерки? Или оган изгорил е кашта ти и стока?
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
А моите внуци, еден господ знае што стока ќе бидат. Ама нека е аирлија…
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
2. Ние имавме чаршии и рој - кошница пазари и ред редени маази полни, преполни со стока.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
НИКОЛАЌИ: Се разбира. Ти знаеш дека јас за жена сум страден, а за стока и пари дал господ!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ги јале и ќе ги јадат!... Ама богатите свињи!... Аааа... што мислиш ти за стокава од девојчево, а?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
НИКОЛАЌИ: Стоката мене не ми треба.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Во исчекување на муштерии, тие стоеја пред дуќаните и потфрлуваа бесмислени шеги еден кон друг но веднаш се менеа штом ќе се појавеше купувач; се веднеа пред него и љубезно се насмевнуваа, ја фалеа својата стока.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И попот ова го чекаше: да дојде до куќа и така азар сермиичка, та му благодари на Лесната и Младена што ќе му помогнат да се извлечка од калта и да ги прифати и децата и стоката, Речено — сторено.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кај вати, чавките да го јадат!? Море, во ваа нашта куќа сѐ се разбреало. Ни машко можиш да прибериш, ни стока.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од друга страна, треба Андо и Трајко да излезат до пазариштето и да „намирисаат" како оди стоката — овците, козите, јагнињата, говедата, оти од утре ќе дојде пак Мате од Кокре, Мице од Бѕовиќ, Ангеле од Штавица да купуваат стока, та и нив да ги „излажат" како Петруша и другите трговци во градот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Момците одговараа: на Асан-бег од Ерековци, на Селим-бег од Коњари, на Суљо-бег од Рувци, на Муарема, Фазли, Фета, Даута, Сефедина, Мамут-бега од Дедебалци, Шелеверци, Алданци, Букри, Егри, Бач, Брод, Новаци итн. и им ја кажуваа и цената на стоката која стопаните – бегови беа ја определиле, а исто така им ги покажаа и самите бегови кои седеа во блиското кафе водеа пријатни разговори.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ќе ги собереме по селата тие ѓаури, ќе ги протепаме сите по ред, да знаат дека живеат под власта на исламот, ќе собереме што имаат по некоја пара, и стока, ќе одбереме секој по две-три убави ѓаурки, а сигурно ќе најдеме доста и здрави деца да му пратиме на падишахот за јаничари, – се присети кадијата на бившото грабење на Атпазар, и продолжи: – Согласни ли сте?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Татко му бил познат трговец на текстилна стока, а мајка му - мошне културна и интелигентна домаќинка.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Благодарам! Довидување!“ - рекоа обајцата и тргнаа кон продавницата со колонијални стоки.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Најпосле со помошта на сите цртачи од селото дознав дека некаков голем крокодил им ја краде стоката, дури напаѓа и на луѓе.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Многупати на анџијата ќе му истуреа цела вреќа стока само за неколку кила ракија и вино. А и зошто да не? Таа не беше со пот заработена и со крвава мака спечалена.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Носеа и разна стока од Албанија, купена или опљачкана.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во рафтовите имаше наредено селски шамии за жени, шамичиња за на појас, неколку низи монистра, пулејќи за шамии и друга стока за селаните и селанките.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)