стечаец (м.)
• 2008: донесување на посебен закон за стечајците, но со доста ограничен опсег (Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година);
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Регулирано е и вонсудското т.н. мирно решавање на работните спорови и донесен е посебен закон за стечајците, но дури по долготрајниот притисок од стечајците и со доста ограничен опсег.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сакав да предложам нов амандман за промената на грбот кој би бил составен од класје марихуана, а внатре вино со ракија и еден стечаец као главен македонски симбол.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Во Македонија има поише пејачи отколку земјоделци и стечајци.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Избркани од работа, стечајци, бедна студентарија, но и добронафатираните транзициски лешпери се чести гости во оваа „света институција”.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тоа би требало да биде практикум на секој наш политичар, на сите наши стручни лица - професори, доктори, судии, на сите работни луѓе - обесправени, изманипулирани, стечајци, на сите гласачи за подоброто утре.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)