стврднат (прид.)

Беше решен: доста е со ваков живот. Собата му стануваше тесна, во стврднатиот воздух се нишаа шумови и мртви мириси.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
9. Будењето беше тешко и несигурно како со напор да се стресува калап од стврднат малтер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Навистина, имаше шеесет години и не фолираше, тој човек со нејаки, крцкави зглобови од врелото теме до рабовите на стврднатите рамни стапалки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во сандакот му беше останат само уште еден сомун леб, стврднат и начнат на едниот раб, а во другиот агол стоеја уште пет сотни компири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се прибра во колибата, стави малку маст во тавата, стави топла вода, во неа сол, па во таа топла, масна течност, го надроби како камен стврднатиот тричник.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Убаво стори, војводо! Убаво! - пелтечи доктор Коста со малку стврднат јазик, го крева шишето што некој му го подава и којзнае по којпат наздравува, поздравува, се ракува, се бакнува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа се случило во последната година на деветнаесеттиот век, пред Велигден на седум или осум дни, еден наспроти друг стоеле крај жолта чеза со спрегната кобила и со бело ждребе - црвенокосиот бег куп стврднато нишеста во кожа и облека и попот Зафир Јосков Вртипоп, испотен човекојадец во долга мантија, и се искажувале почести како двајца великани, првиот со имот и власт, вториот со знаење да ја надитрува смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некакви конци со кои бил врзан за својата неподвижност за железниот кревет (на нив има само стар, глекав душек и измитарено веленце), се инати тој , ослободен дури и од својата тежина, се исправа и по мрак, и самиот од мрак со грутки стврднат мрак во грлото, се обидува да го искрши катинарот на вратата од забранетата одаја и никако не успева.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А корењата на којзнае кога закланите стебла не го пуштале од грчот на своите прсти стврднатиот хумус.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Забелот, како изделкан од огромна грамада стврдната смола, можеше да крие во себе други еребици што ме исчекуваат со залепени гради за суви тревки и слични на безживотни базја, или криеше жолтоок лисец со мудрост и итрина закопан во некоја грмушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Врати го, му рекле суво и со стврднати усни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја подигна зградата на Историскиот музеј, за која може да се рече: глупост, стврдната во камен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога го здогледа Хернандо, прастариот Форд прекриен со стврдната кал и ‘рѓа запре, а ладилникот бесно му клокотеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нејзината половина беше станала поширока и, на некој изненадувачки начин, беше стврдната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само магла. Или некои стврднати облаци. А назад враќање нема.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На земјата околу мостот имаше неколку стврднати капки црвен песок, а тука веднаш стоеше една канта со четка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)