старогрчки (прид.)
Одзади глобусот плашливо гледаше со бели очи старогрчка гипсена богиња.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Онианс укажува дека истите хармонија, број и ред коишто можат да се најдат во старогрчката математика ги одредуваат и уметноста, музиката и архитектурата, подеднакво како што ја регулираат и старогрчката воена фаланга; впрочем, и „Хесиод, во Теогонијата, ја прогласува Хармонија за ќерка на Арес, богот на војната“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој забележува симултана зависност од математичката хармонија, пропорциите и редот во старогрчката ‘уметност на војување’ како и во уметноста и архитектурата, и заклучува дека војната е најважната „тема“ во старогрчкото сликарство и вајарство, како и структурален принцип во архитектурата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во една неодамнешна студија за развојната улога што ја одиграле старогрчките математичари со цел да се постигне „предност во војна“, John Onians го разгледува вградувањето на милитаризираната свест во Западната културна продукција.9
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Најупадлива разлика е насоката во којашто јазиците се пишуваат - одлево надесно, оддесно налево (на пр. арапски), озгора надолу (на пр. традиционалниот јапонски) и невообичаениот смер одоздола угоре (на пр. некои форми на старогрчкиот).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Неодамна, со ќерка ми ја гледавме на ТВ, инаку, симпатичната играна серија за гореспоменатиот старогрчки шампион во боречки вештини.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
8. Филомела, според старогрчкиот мит, ја ткаела својата приказна за обљубата со Тезеј, мажот на сестра ѝ Прокна
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Со оглед на тоа дека е аутопсична (аутопсија на старогрчки значи да се видиш себе си, да зборуваш од свое име, да зборуваш за она што си го видел со свои очи), сликата подразбира лично сведоштво и искуство преку патување, откривање, набљудување, размислување“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Се вели дека постојат пет јазика кои биле од најголемо значење за ширење на универзалната култура: стариот кинески, санскритот, арапскиот, старогрчкиот и латинскиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се разбира, ќе се соочи со низа проблеми, но првиот примарен проблем му беше: каква форма да им даде на многу зборови кои требаше да ги позајми од латинскиот, старогрчкиот и германскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)