сталожен (прид.)
Ти знаеш дека татко ти е сталожен, сериозен човек и нема да брза со која било да се ожени.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
А времето е уште несталожено, може некој од страв да те убие.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ти знаеш колку татко ти е мирен, сталожен човек.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А јас онака мирен, сталожен, со врвките се вежбав јазли, додека минувачите минуваа, застанувачите застануваа.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Кога ме виде конечно вратен и сталожен, стана на нозе и започна да ја меси за сите нас најдобрата, највкусната на Балканот пита „тикуш“ со пилешко.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мирната, сталожена вода е бистра, во неа сѐ може да се види, разбрануваната е матна.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
КНИГАТА ЕСЕЈ метално чиста со цврста маса што одѕвонува сталожена спирално овенчана со чинот на раѓањето со сѐ што е банално во стисокот на рацете во писокот на локомотивата во заминувањето кон личната слобода што заробува во една фуснота посветена на моето заборавено име
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Но, ненадејниот телефонски повик кон крајот на ноември го стресе и обично сталожениот Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)