сталажа (ж.)
Единствено употребливи беа предметите што ги произведуваа работниците без да знае шефот, тогаш кога се знаеше дека ќе отсуствува неколку дни: столчиња за нозе или украсени сандачиња, сигурни и едноставни; дури и правнуците ќе јаваат на нив или во нив ќе ги чуваат своите дреболии; корисни сталажи за облека на кои ќе стојат кошулите на многу генерации.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во првата помала просторија беше неговиот работен кабинет кој водеше во најголемата просторија приспособена во библиотека со десетина високи сталажи како во сите градски библиотеки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Најголемата соба на сите ѕидови имаше вградено рафтови со книги, но и целата просторија беше исполнета со метални регали со сталажи од подот до таванот полни со книги, како што тоа можело да се види во библиотеките на градот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)