става (ж.)

Плачејќи, до себе студената ја гушна глава ко бршлан којшто јавор млад прегрнува,се припива до таа тенка става .. .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Извајана е амазонската нејзина става: вистинска личота милна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И така: црни очи, црни веѓи, црна коса, бело лице, танка става — цела солунска кокона!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А колку до ставата, Бојана не можеше ни да ѝ признае нејзе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нови, но скромни алишта од Стојанка ја покриваа нејзината става. Ама по убавината не паѓаше подолу од Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сева корија и сиов камен што го гледате длабоко под мене протегна жилав корен и мојава става што вишнее усамена под ридов сте вие.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И мојава усамена става на оваа голотија сте - вие.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
На неа долга вечерна облека, припиена до телото, оцртува дражесни форми: бели, меки рамена, - дојки не многу големи, обли, во чудесно единство со нејзината не многу висока става.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Спротивно на шишкавата Катина става, дебелите а куси раце и нозе, Митра беше танка и висока, изведита и права како пушка, со долги раце и нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ни во ставата не е лошо. Малку кусичко според годините, но затоа полно како грутка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
3. АМИ ЕДНА СТАВА ШТО ИМА, АЈ МИ СИ ОДИ - оди си, значи, во небрано лозје да те фатат, па штом полјак те улови средсело да те води да не знаеш ни роденденот на која ти е дата...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ако не наведнеш става каменот не ќе го дигнеш, ако не тргнеш напред никаде нема да стигнеш.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Една солза истркалај се, а друга тргни. „За тебе излегуваат и сонцето и ѕвездите, за твојата вита става на секој чекор се зборува.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак, толку колку што му дозволува болката и треската од која сета става му се грчи и тррепери, се обеспокојува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа Кирил Сукаловски, Дане Долгманов и Самуил Пендуш со одобрување и со почит на малолетници пред прославен мислител гледале во неговата издолжена става на куси нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Полегнал со предниот дел на ставата врз издолжениот врат на животното во страв да не падне под копита и под одмазда на голоракиот војувач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И земјата, заедно со ѕвездите, е дребулија на ставата на вселената, како што е и таа веселана ситно животно со некои свои смукалки закачена за друго, секако најголемо чудовиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Цара беше убава девојка, стројна, со јадра става, со складно тело, со раскошни бедра, со здраво, свежо лице, пламнато како тутенка. Погледот ѝ беше опчинувачки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Откако ќе се минеше дрвениот убавец, пред нас се покажуваше вистински бел дворец, на врвовите од предниот истурен дел, небаре бранет од редица статуи – каријатиди со човечка става, а крај нив камени маски со семожни изрази.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе