срт м.
срти несв.

срт (м.)

Сонцето се изви над сртот на Беласица, кога бригадата тргна на работа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Погледот им беше устремен накај сртот на Беласица што се одразуваше на јасното небо како остра црна рецка: таму некаде во нејзиното подножје, се наоѓаат младинските бригади, нивна крајна цел.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Низ еден од долгнавестите прозорци гледам како сонцето, утрено или предвечерно - не знам, е преполовено од срт на многупреслапна планина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На сртот, во таа од роса влажна мугра, стрико Благоја им ги виде лицата на партизаните - без суви, изморени, со темни сенки под очите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сонцето одамна се слизнало зад запчестиот планински срт, приквечерината незабележено се довлечкала до селото, ниските куќи исплашено се стиснале до неплодната земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Очекуваше, постојано со некој страв од секое свое движење, просто како да се вардеше да не го исплаши самото разденување, што газеше наоколу напрстечки со плаховит чекор на срна, а за сето време внимаваше да не испушти од својот поглед ниеден миг на ниеден од сртовите над себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле, кога застана на сртчето од другата страна, знаеше дека само среќата, неговата среќа, или среќата на оној негов громаден нерез, не сакала да биде онака, како што сакаше тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целата земја, целата бела кристална палата на Долината, сите пречисти голини на далечните сртови, исто онака, како и најситните прачки во околните дрвја, празнуваа: беше роден Денот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оти фронт е, војна. Војска ги има затнато сите патишта натаму. Секаде по сртот е топ до топ.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Патот водеше сѐ понагоре и вдесно додека не излегоа на сртот од каде што го видоа езерото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сртот на планината блесна од изгрејсонцето така што виделината му го измами погледот на Србина нагоре и не забележа кога ефрејторот се најде зад Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас оттаму дојдов и згодно место е сртот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таму, на Зедница, на сртот нејзин, за да можеа да бидат видени од сите страни и оддалеку, поредени во долга низа и кренати на драгови стрчеа десетина вивки од `рженица, натопени во смола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму, пак, каде што се зглобуваат јужниот и источниот лак, за уште петстотини до шестотини метра над сртот на Потковицата, почнувајќи рамно од него, како некаков глужд, кој настанал поради тектонски шинувања, се извишува Чауле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Црн Камен е мал, мазен, заокрулен, црн рид, (веројатно таков, црн, е поради составот на каменот, гранит чиј состав содржи повеќе железо) кој уште од сртот на источниот лак се слизнува во Драмчески Ливади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги надаваат главите од зад сртот, зад мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се истоварат над нас и ќе се загубат зад вршките, зад сртовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има паднал на Турците в раце без отпор , отсутен и со свртени очи кон планинскиот срт .
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На планинските сртови лежела наталожена матна и пак видлива пена во која месечината си го измивала киклопското око.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зад некаков срт се поткренала месечината со едно око слично на Арсовото. Личела на презрел резен дуња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе