средува несв.
средување ср.

средува (несв.)

Младичот често остануваше да средуват заедно по рафтовите, ги местеа ќепенците, а веќе не разговараа само за фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На определените места пионерите пристигнуваа организирано, поминуваа цел ден во игри и одмор, а навечер, пред да се вратат дома, го чистеа местото од отпадоци, го средуваа да биде убаво и привлечно какво што било.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Луѓе мои, работевме. Растоваравме дрвја, ги носевме од едно на друго место, ги сечевме, ги средувавме, правевме секакви мајстории.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Обично, додека раскажуваше бавно и рамномерно, без нагласување на одделни зборови за кои можеше да се рече дека се судбински во настанот, ја стискаше запалената цигара со тврди прсти - жарчето му доаѓа до пожолтените нокти на палецот и показалецот; тој се средува за нова реченица, бавна, на исто гласовно ниво со другите зборови, пали од премалиот отпушок следна цигара.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најпрво се загледува низ собата, а потоа започнува брзо да раскренува и да средува.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со еден збор сѐ се средува.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Средувајќи ја плевната, силно се зарадува кога ја најде копачката, онаа иста копачка од детството со која копаа неговите а и тој.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Риса и Тронда ги средуваа легалата на децата што тој ги имаше сросано, а за нив тројцата допрва ќе направи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Полека влегов во неговата соба. Брат ми ја средуваше фиоката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И реши, на крајот, потпирајќи се врз француски архивски прирачници со позитивистичка ориентација, сиџилите да ги средува според хронолошкиот критериум, почнувајќи од далечната 1600 година па сѐ до 1912.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше, ги средуваше и со голем страв ги допираше оние меѓу нив низ кои се насетуваше беспризорно мрачната боја на крајот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Само како напомена еднаш му спомнав дека ќе треба да внимава, да си седи мирно; додека си ја средува иднината да не буричка премногу наоколу; добро, мислам дека ми се отпушти и она, ако буричка тоа да го прави со усул.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога Татко започна да ги средува книгите, беше јас­но дека закрепнуваше новиот живот по војната.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Додека анот се средуваше, тој, како и некои други дубровчани на кои градот им легна на срце, купуваа евтино земја, ја посадија со лози и сега продаваа вино, а почесто и восок од наредените прикрај кошари со пчели.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Инаку, Анастасија кога не е зафатена со секидневните обврски и кога е вистински осамена најумешно ги средува тантелите на спокојството токму во спалнава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Додека гостите и самата Исидора ги пиеја последните капки од шампањското, Томаица и нејзините колешки ја средуваа целата колекција која беше таа вечер прикажана.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
До доцна во ноќта ја средуваше твојата пушка и ја чистеше со некакви средства, бришеше и светнуваше со специјални крпи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Повеќе