срдечно (прил.)
Ја издолжи шијата и се насмеа некако од срце, срдечно, татковски.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Па јас тебе те познавам, човеку, срдечно рече. - Те познавам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од возбуда не успеа ништо друго да им рече на своите шумски пријатели освен едно срдечно „благодарам“.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Дали е ова љубов или ропство, тиранија, си велиш и ти е страв со некоја жена посрдечно да се поздравиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Срдечно ме поздравија, грачејќи во микрофоните, потоа ме поведоа кон невидливото, фалично пијанино, сокриено во најтемниот агол на кафулето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Како си? - ме прашува мојот американски пријател Норман. - Страшно - велам. - Fine - вели и срдечно ме потупнува по рамето.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Навикнав странците да ме прашуваат како ми е зад „железната завеса“, срдечно да ми објаснуваат дека биле во мојата Југословакија и дека нашиот главен град Будимпешта е прекрасен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Бевме срдечно пречекани. На братската атмосфера не требаше многу да се чека.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ни пријде келнерот со две чашки гроздова ракија. - Чести куќата за добредојде! – рече срдечно келнерот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таа ги стокми рачињата како за молитва и почна срдечно, молбено: - Мајко на северните езера и шуми!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ме израдува таа вест и јас срдечно му ја стегнав раката на Дагларбеј.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Срдечно ќе ја одбележиме независноста на нашата мила татковина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога влезе во кабинетот, другарот Чапаев брзо стана, го поздрави срдечно и му понуди да седне на една од двете фотелји.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Комшивката, облечена во фармерки (тесни) и избледена блуза (широка), веднаш, уште пред да појде лифтот, почнува срдечно да му објаснува: Јас, комшија, никога не одам со малиот, туку со овој, големиот лифт.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
На масата го примија срдечно и весело со оглед на шишињата бело вино и минерална вода и полупразните или полуполни чаши со шприцер.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Под бујните веѓи, влажните очи уморно му светкаа и откако тетка ми ме изнабакнува по целото лице и убаво ме изгушка, тетин Јован срдечно ми ја стисна раката и ми помогна да ги натовариме куферите во неговиот автомобил.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Последицата беше од чисто срдечно естетство, па затоа, поради мојата тврдост, за другите и остана незабележена.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кога ме виде генералниот секретар како влегувам во кабинетот, откако срдечно ме поздрави, веднаш ми рече: - Какво добро ве носи во ова време во нашата Казба!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Најпосле Сојузниот влезе во кабинетот. Срдечно ме поздрави и ми рече: Простете, ме бараа од Вашингтон.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)