срдечен (прид.)
Врз таква почва може да се развие најсрдечна дружба помеѓу нас и Власите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Сакам да ти кажам нешто. Потраја малку и праша, наеднаш доверлив и срдечен.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Средбата, се разбира, беше срдечна, само што војводата не остана задоволен од тоа што се разбега народот и што не го дочека свечено.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од ѕидот уште го гледаа многуте очи на страшната изложба на неговиот пријател, безначаен сликар, пијаница и очајник, што освен срдечна смеа нема ништо друго.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
ЛУКОВ: И сигурно ќе речете дека таа жена е „срдечна, непосредна, мила“?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
САНЕ - Простодушен, срдечен, загрижен за својата служба, па поради тоа и вљубен во својот претпоставен; далеку повозрасен од Саздо; малечок и неугледен, спротивност на Саздо.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Откако само еден момент ги погледна држејќи се со рацете по колковите како да се исправа од работата, му ја подаде раката на Котета, воедно велејќи за поздравувањата и со братучедите што беа еднакво одмерено и здржано срдечни: - Ај добредојдовте... .
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во овој научен свет на астрофизичари се среќаваат обични луѓе, срдечни, гостољубиви и готови да раскажуваат и да се одделат за некое време од здодевните бројки и анализи па новодојдениот љубопитен аматер, каков што бев јас, да го запознаат со тајните на космосот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од ѕидот уште го гледаа многуте очи на страшната изложба на неговиот пријател безначаен сликар, пијаница и очајник, кој освен срдечна смеа нема ништо друго.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги нашле, како кажуваше, Ибраим Ибраим, в зори или подоцна, по една спогодба на завојуваните за кус мир за кое време ќе се соберат мртвите и ранетите; подоцна, по некоја година, еден човек без нога, ќе се потпира на патерици и на слеп човек, катадневно да седат обајцата во чајџилницата на некој Тефик Рамо, човек со задув и срдечен кон секој кој што, дури и првпат, дошол кај него на чај или кафе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
(7) Прашањето за тоа дали овие разлики биле таму (заедно на куп длабоко внатре ентитетот, чекајќи да бидат изнесени на светлина од страна на ископувачите деконструктивци), или се во ентитетот откако феминистките го завршија преобликувањето на ентитетот во социјална градба, поблиску до нивната срдечна желба, ми изгледа воопшто неважно.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Се што имаме во себе, вечерва, во најсрдечната ноќ за која сонувам 365 дена, сакам да биде поделено, разграбено, испиено...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ги гледав моите сопатници, во лажно срдечна прегратка со сталинизмот, како ми намигнуваат со јасна порака дека нивниот овдешен однос сигурно нема да има никакво значење на другата страна од границата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Разговорот немаше срдечен тон и одеше во некој правец што не го знаев. Но, набрзо го дознав.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Учениците станаа за срдечен поздрав.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
165 Посебно се осврнува на грчко-македонските односи за кои истакнува дека биле срдечни, а врските меѓу политичките и воените лидери блиски.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И нашиов мајстор може да си припомни од тоа време неколку срдечни истории, од кои последната заврши со неговата женидба. Убаво беше тоа време!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тих и повлечен во себе, безвиновен во ред работи, во кои спаѓаше и допирот со жените, Пискулиев сепак не е од оние луѓе со студена душа, тешко достапна за срдечни трепети.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го виде Германецот застанат на прозорецот, и насмевнат, оддолу, владиката ја крена раката со владичкиот стап во знак на срдечен поздрав.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)