спружува несв.

спружува (несв.)

(Ја спружува раката, но се тргнува преплашена назад.) Не! Ако е рано?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Едното е - усетот да ги открива своите убијци уште пред тие да го извадат револверот и да ги спружува на улица без особени церемонии.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И така: згоре-удолу, Џемо полјакот го враќа дома. Ја спружува пушката во скутот и бара зелник со кисело млеко, бара што има и што нема. Сѐ што му сака газот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа, на столиците зад него, седнаа двајцата милиционери при што видливо се завалија спружувајќи ги нозете на двете спротивни страни како да сакаат да покажат дека тие со оваа работа немаат никаква врска и не кријат дека ќе им биде здодевно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Соколе брзо ја спружува раката в џамлак, ја граба сликата, ја пика в пазува и просто бега.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)