спојува несв.
спојување ср.

спојува (несв.)

Тркалата ја стружат калдрмата, калдрмата ги отфрла тркалата, а сето тоа се спојува и се разбива во некој монотон погребен звук, стиснат од двете страни со груби стари ѕидови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти додаваш - само една жила со мојата утроба некого спојува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тој звук се качуваше полека по неговите мускули и се спојуваше со ехото на неговите слепоочници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оти дождот само се привсилува, капка со капка се втасува и се спојува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во третата фотографија млада жена го препознавам ликот на една моја поранешна девојка, со која ме спојуваа екстатични мигови на телесна страст, а ме оддалечуваа баналните љубоморни потпрашувања.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Киберпанкерите ве мразат! Најновата Американска изгубена генерација ги спојува младешкиот бес и технолошкиот тероризам. Денешните киберпанкери не се првата млада генерација која плука на денешниот свет но тие се први кои се стручно оспособени да сторат нешто во врска со тоа.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во основата на ’рбетниот столб, сложената коска која го спојува пршленот со карлицата и денес се нарекува sacrum.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Веќе во прологот, Тесауро изјавува дека надарениот со остроумност се разликува од плебеецот; таквиот најнапред раздвојува а потоа спојува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Споените алиња, ги спојуваа во слога и љубов и нивните дедовци и татковци, баби и мајки.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ташко Георгиевски, мој е впечаток, мошне впечатливо ги спојува специфичните и субверзивни формални јазички иновации (пореметена синтакса, преплет на гласови, тек на свест...) со она што значи „наш дух, ритам и автентичност“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еднаш една сестра беше видела како ги мириса, или, попрво, како минува врз нив како да го испитува нивниот мирис, и како потоа кај малиот прст ги спојува благо закривените дланки, свртени угоре, за потоа да ги спојува и раздвојува, како да отвора некаква голема, мека овошка, или како нешто да раздвојува со лачни движења. 58 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Оваа физичка раздвоеност создава необична технологија во свирењето која звуците ги спојува на природен начин на кој се тие споени во полето, на улица, или во куќите и зградите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ја спојуваа забраната за убивање жени (иако ги убивале и ги продавале на макрои) со безочните ритуални верски молитви на својата божица, за добар ајдучки лов во злато и рупии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нивната умешност и дарба и голема љубов кон езерската земја, успешно се спојуваа со умот и знаењето на Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Силната мисла, во која се спојуваа свеста и потсвеста, ме пренесоа во тих, син сон, споделен со езерската модрина и тишина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
II. Веѓите му се набраа во онаа точка во која му се спојуваа, на средина, токму над свиениот нос, кога пак помисли на мирисот на морето во Тарс.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Повеќе