спотнува (несв.)
Болеста му потфрла дрва, го ложи, го спотнува. Не остава да му подугасне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Петра го спотнуваше огнот во ќумбенцето и не сакаше да легне крај децата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И онака
од сите страни на клучалката
сцената е иста, а
оној кој не заминал сосема
се буди и таму кајшто е отсутен
ја спотнува во занес ереста
- плодното мрестилиште на слободата
и знае: животот не е еден.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ќе остане да ве спотнува вас, живите
а со мене, напуштена, ќе се подбива ли,
ќе се подбива!
____
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)