спори несв.
спор прид.

спори (несв.)

11. Не еднаш сме спореле оти има разлика помеѓу Крит и Македонија, оти има држави што се заинтересирани за status quo-то и ќе направат сѐ возможно да нема замешување во наша полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, двете пропаганди не спорат само за земјите на с.з. од Шар Планина и за оние делови од Серскиот санџак што се крај бугарската граница.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гласно спорат. Сѐ додека не протатни крај нив возот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Излезе на квадратестиот двор. Разбиени по двајца, по тројца, се шетаа и се буткаа затворениците, ги влечкаа нозете одвикнати од одење, спореа, се смееја и се тешеа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иако тројцата спореа за Господа, всушност тие беа далеку од желбата да се караат сега.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо се врати во каушот. Го најде Глигора седнат на сламарникот меѓу група затвореници и за нешто оживеано спореше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ми укажува - спорам, кога ми заповеда – го слушам.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Откако отец Иларион направи подолга пауза, полковникот Бонети ја искапи чашата, и како да имаше желба да спори, му рече на отец Иларион: - Јас мислам дека и душите на животните одат на небото и продолжуваат да живеат таму...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Макар сѐ што се случувало дотогаш, во врска со козите во градот, добиваше благослов од Федерацијата, се случуваше овие погорни власти најчесто да спорат со самите себе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, не беше нејзино да спори за неговите книги, најмногу за нивниот редослед.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега кога ова ви го соопштувам, мртвиот тој и мртвиот јас во еден мртов агол па небото, молкум спориме дали зборовите или самољубието беа причина за нашата смрт која нѐ засолни во овој мртов агол.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Јас не сум рамнодушен кога се во прашање несреќите – рече тој, како да отфрла некое неизречено обвинение или како да спори со моите размислувања. – Јас го поддржувам она познато мислење дека ништо не е случајно!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова го зборуваше со некој друг тон, можеби укажувачки или изнасилено доверлив; згора на тоа не беше свртен кон мене туку кон изворот на светлината што беше вперена во моите очи, и дури тогаш сфатив дека иследникот и јас не бевме сами во просторијата на катот; дека тој не спори со некои од моите изјави туку се обидува мојот случај да му го образложи на непознатиот гостин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Во гимназискиот оркестар удираше на тапани, па тераа шега спорејќи се дали е поправилно да се вика „тапанџија” или „тапанар”.)
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И сега ги шета влечките кон балконската врата, со тихи зборови спори за своите измами додека килимот го впива шепотењето на истрошените чекори.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не сакам некому да му дадам шанса да спори со мојата грижа на совеста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога ќе чуеме, онака занесено и замижено, што ќе чуеме: едночудо посетители машки запнуваат да го спорат тркалањето на сопствените тајни и да ги спастрат под сенка музичките акорди.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мислам дека нашата животна ситуација дава доста примери за тоа дека има многу што умеат да спорат разговарајќи, но малкумина се оние што разговарајќи вршат усилба и да се разберат: во сите институции на системот се дебатира и се спори разговарајќи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога ќе чуеме, онака занесено и замижено, што ќе чуеме: едночудо посетители машки закануваат да го спорат тркалањето на сопствените тајни и да ги спастрат под сенка музичките акорди.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)