споредување ср.

споредување (ср.)

Некогаш сите Индоевропејци составувале еден народ со еден јазик што го востановуваат сега лингвистите преку споредување на старите и новите индоевропски јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Толку подалеку, за никој да не може ни да помисли на некакво споредување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не употребувајте споредување („таа беше како...“).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓутоа, загатката се решава полесно отколку што изгледа. Нашите поими настануваат со споредување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Колку што ми е познато, единственото испитување во психијатријата што направило споредување меѓу таканаречените нелекувани луѓе во некоја простојна околина и луѓето лекувани во клинички контекст, покажа дека опоравувањето на психијатриски нелекуваните личности е подобро од оние кои се правилно лекувани во психијатриски контекст.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Резултатите од снимениот материјал внимателно се прегледуваат и се прави споредување меѓу степените на внимание упатено кон тест- огласот и другите огласи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Споредување никогаш и нема.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Студијата која ги обработува основите во тестирањето на пропагандните пораки укажува на следното: 1) ефектот на пропагандната креација не може да биде измерен доколку барем два пати не е изложен на перцепцијата на целниот сегмент на побарувачката (терк); 2) секое препознавање на целите на истражувањето од страна на испитаникот ја докажува погрешно избраната метода; 3) секое истражување се спроведува со споредување на резултатите од контролата и експерименталната група; 4) тестот на присеќавање се прави како со така и без помошта на испитувачот; 5) се мери степенот на преференција во одредена група производи; 6) се мери поттикот за купување и се утврдуваат конкретните причини; 7) тестирањето се спроведува на еден дел или пак на целиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сѐ додека не им е дозволено да имаат мерила за споредување, тие практично никогаш и не стануваат свесни дека се угнетени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А кога резултатот станал многу очигледен, барем за него ако не и за другите, Иван Степанович решил да го реализира она што никој дотогаш не го поврзуваше со неговото име; побрзал да го оневозможи идното споредување на неговиот син со друга жива личност надвор од семејството.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)