спознавање (ср.)
Хегел, се разбира, мораше да биде исчистен од својата метафизика, мораше безусловно да биде отфрлена неговата некритичка доверба во рационалистичкото умување — и дури тогаш можеше да се создаде вистински дијалектички метод што го овозможува спознавањето на природата и општествената стварност.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Можеби при нумеричкото мислење воопшто не се работи за спознавање на светот, туку за некаква проекција на нумеричкиот код нанадвор, и конечно за некакво враќање на проектираното. Толку е нумеричкото спознание проблематично.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Мотивот за споменатото преуредување беше очекувањето дека споменатото мислење е „адекватно“ за спознавање и совладување на околината, можеби дури и за совладување и спознавање на човекот и општеството.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во Антиохија, не можејќи веќе да издржи, му се развика дека човек не треба да се придржува кон Мојсеевиот закон или да биде обрежан како Евреин за да се помири со Бога, туку дека може да се спаси само преку спознавање на својата грешна природа и верата во Христа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Митовите секогаш успивале, додека спознавањето на стварноста, па колку и да е таа непријатна, бил првиот чекор кон нејзино менување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Јас барам возбуда во проучување и спознавање на искуства од разни истражувања.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)