спијач м.

спијач (м.)

СПИКА - На убавата ко слика спикерка во кревет ѝ се спикал еден спијач. Како е твојата спила, драга моја; пие ли нешто “, или има спирала!?“, ја прашал спијачот изненадената спикерка. „Пие спиритуално и мрази аспиранти!“ рекла спикерката. „Дишан“, рекол спијачот, „спиритус, спирала, аспирант...“ „Гринавеј“, рекла спикерката, „лошиот господин Спика и фината Џорџина...“ „Ете, сплискавме уште еден разговор“, рекол спијачот. „Без да спискам!“, рекла спикерката. Спијачот се насмеал и заспал.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Научниците тогаш го усвоија ставот дека луцидните спијачи можат свесно да ја менуваат содржината на својот сон.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па, замисли, со бостанот во „загрљај“, го опчекоруваш спијачот и молиш Бога да не се разбуди,не дај Боже да налеташ на оној малиот, со пес поголем од него, што се пенави на нејаки жени.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)