спис (м.)
154. Мисирковава книга во многу погледи претставува и полемички спис, актуализирана дискусија по најсуштествените прашања на македонската национална индивидуалност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
133. Константин Порфирогенит (905-959) е византиски цар и автор на повеќе историски списи, меѓу кои и „За управувањето на Царството”, каде што дава многу податоци и за доселувањето и животот на Словените на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Татко ми беше среќен што куќата имаше многу широки и длабоки долапи кои можеше да ги исполни со своите стари списи, книги, мапи, ракописи, спасени од неколку селидби и војни, пожари и поплави.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во некои тајни партиски списи дури и се навестуваше опасноста, ако не се преземат итни мерки, повикот „Пролетери од сите земји, обединете се!”, да заврши со „Козари од сите земји, обединете се!”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И таму, на млади години, го мачеше тајната дали под двете езера разделени со една планина, се мешаат нивните води и се формираат многубројни пештери, како што се велеше во преданијата и се претпоставуваше во научните списи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во моите списи, јас ѝ се спротивставив на мултикултуристичката замисла дека можете хармонично споите неодреден број на култури во еден убав мозаик.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во татковата библиотека, низ одбраните книги, списи и ракописи, мапи и документи, се допираа Исток и Запад, големите медитерански религии христијанството, исламот и јудејството и тоа не само низ главните свети книги Библијата, Куранот и Талмудот, туку и низ бројните теолошки расправи, филозофски трактати.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татко ги зеде главните списи и книги, кои како небаре на славен морепловец му беа нужни за големото и неизвесно патување по балканскиот океан.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во овие списи, животот сам си се бележел, сам си течел...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Вие не можевте на подобар начин да му се оддолжите на Бога чувајќи ги овие негови списи, ако се тие свети.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Врз работната маса ги забележа неколкуте свои книги, списи, предмети, грубо преместени, без негово знаење.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И кога одбираше кои книги ќе ги земе, покрај постојаните, пред заминувањето со вовчето, Татко ги зеде и списите за миграциите на јагулите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така подоцна Александар му се подналути на Аристотел откога дозна дека тој, ги издал тие списи пред јавноста.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Беше тоа куп книги, скици, мапи, лични записи, за кои Мајка посебно се грижеше, кога други книги и списи притиска во Татковата библиотека.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За изненадување на Ване, сега на масата, од десната страна на мајка му, седеше стариот - но не оној стар што го знаеше туку сосема друг, како којзнае која копија од оригиналот што си имаше свој отпечаток дури за и на малиот прст од раката, во вид на дискретен нокот - доволно долг да му се забележи на широката и плоска дланка, но и доволно краток да не му пречи во пишувањето на службените списи, и секогаш однегуван не со ножички туку со турпиичка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Проучувајќи ја историјата пред нас, најдов некои византиски списи во историјата на Никита Акоминат, за вашите самостојни господари на тврдината Просек. Добромир Хрис и Добромир Стрез, така ли се викаа?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ти ги испратив тебе
поради твојот занесен изглед
небаре без престан посматраш
водени отсјаи
стари карти
кутии кои се отвораат
само пред сведоци
списи кои се даваат на реверс
саркофази врз коишто светлосните
зраци смртоносно се
вкрстуваат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
СТЕВО: Сум бил двапати порано. Носев некои списи.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Списите се подредени во прилично обемни картонски кутии, во кои, по сè изгледа, некогаш дамна, во нашиов град пристигнала пратка чевли од некогаш прочуената фирма Бата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)