спикер (м.)
Сѐ уште спикерите брзаат да јават: - Денес е ден на бескрајни детски права!
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Бакшишот од 50 франка, вели спикерот, што насила му ги втурнале во рацете на најмалиот син на домаќинот, им бил вратен со подароци од разни домашни ракотворби.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И додека на екранот се појавуваа убавите планински пејсажи на пелистерските планински височини, спикерот заклучуваше: Ако сте тргнале на одмор или планирате одмор, не заборавајте дека во светот постои вакво убаво катче за одмор и толку гостољубиви луѓе, кои денес можат да се сретнат во приказните...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Спикерот веќе ги реди имињата на загинатите: тој и тој од таму и таму.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го стиши радиото, козите се смирија, а ние продолживме да го слушаме гласот на спикерот од радиото: – Козари, освестете се, да не биде доцна, оставете ги козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми првпат ги коментираше зборовите на спикерот, во мигот кога се спомна козите на Козар маало: – Па во Козар маало живеат најсиромасите, затоа овде и има најмногу кози... Но кој да го слуша татко ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Спикерот со завршна интонација и повишен глас рече: – Другарки и другари, не треба непријателот да нѐ фати на спиење.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Интелектуалците денес се, навистина, високостилизирани спикери со „обредни знаци на потчинетост“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
По војната ќе се најде во Скопје, во еден период ќе работи како спикер во албанските емисии на Радио Скопје.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Оној другион, спикерот, носло, со клапнати уши, ама гласот ко на Клерк Гебл...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во Скопје и околината, најави спикерот, и утре ќе продолжи студеното време, со температури под –10.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Еднаш фрли кристален пепелник сакајќи да го удри спикерот поради еден погрешно изговорен збор.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)