спика (св.)
Беличот се наведе и си ги собу чевлите, ги врза една со друга па ги префрли преку рамо; Мече сандалите си ги спика в џеб.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Виновниот знае да се чува. Ете, за права бога, го спикале него во затвор. За туѓа вина и за туѓи гревови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А красни беа: врата, прозорци, покрив и место да можат барем седуммина да се спикаат внатре.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Прислужникот само со Буза „поработи“ малку: го приклешти за ушето, ми го сврте како затка од шише и го спика во редицата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Некој чукна. Чичко Петре ја спика торбата в печка, Коле го залепи окото на клучалката.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ги собра и другите предмети останати од него: лулата, чешелот за косата, малото чешле за мустаќите и густите веѓи, игли и конци за везење, влечките, географската карта на која беа обележани земјите и местата каде што ги поминал - и сѐ спика во ковчеџето да не ги гледа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
СПИКА - На убавата ко слика спикерка во кревет ѝ се спикал еден спијач. Како е твојата спила, драга моја; пие ли нешто “, или има спирала!?“, ја прашал спијачот изненадената спикерка. „Пие спиритуално и мрази аспиранти!“ рекла спикерката. „Дишан“, рекол спијачот, „спиритус, спирала, аспирант...“ „Гринавеј“, рекла спикерката, „лошиот господин Спика и фината Џорџина...“ „Ете, сплискавме уште еден разговор“, рекол спијачот. „Без да спискам!“, рекла спикерката. Спијачот се насмеал и заспал.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Просто и направо си влегол во разгледница, па сега се рашетуваш низ неа како паун со отворено ветрило на опашот, додека на некој не му здодее и не ти ја поткуси кикиритката, па да те спика во плико и да те залепи во него, со прописни марка и мур, пред да те прати по пошта на одредена адреса или на пост-рестант.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Петре се спика под тезгето и го повлече манастирскиот измеќар кој беше и помлад од него, зашто умот, кој најчесто споро му работеше, сега му прати брз абер: јаничарите!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И тој се пресегна, па од прстот на жената извади еден прстен и му го подаде на ибн Бајко, а другите три, без да ги разгледа, ги спика во џебот од своите бечви.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)