специјалност (ж.)
Денешниот научник е или мешавина од психолог и инквизитор, кој до најситни детали го истражува значењето на изразите на лицето, на гестовите, на тонот, на гласот и на ефектот на дрогите во шок-терапијата, хипнозата и во физичката тортура заради извлекување на вистината; или пак е хемичар, физичар или биолог, заинтересиран само за оние гранки од својата специјалност кои се во врска со одземањето на животи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Зошто, сине? Специјалност ми се термалните води, се во единствениот еко - систем, чиста технологија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И сигурно преставува нешто многу повеќе од практикувана специјалност само на една затворска власт.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Татко таму можеше да смета на вработување како судски вештак за шумски деликти, што беше една од неговите правнички специјалности.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овој букет беше вистинска туниска специјалност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Меѓу критериумите за избор важна улога играше заобленоста и тврдоста на газот (стручњак со потесна специјалност ги удираше жените по газот и со внимание ја следеше реакцијата, оти требаше да се регистрира секој детал: тресењето на газот нагоре и надолу, на левата и на десната страна, интензитетот на тресењето на едната и на другата половина од газот, пропорцијата меѓу нив, степенот на нивната споеност и слично на тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На крајот го предупреди за чудната опсесија на Марија со телефонирањето. – Угодувајте ѝ – рече. – Не грижете се, докторе – рече Сатурн радосно. – Тоа ми е специјалност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пред Божик и зад Божик кај и да си, оди на вечера со русокоса придружничка за која однапред се знае дека е ненаситна тигрица со тесна специјалност – черечење на сладникавите занеси.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Целта е да проговори стилот, да се проникне во геј- естетиката – во особениот антисоцијален вид естетика што ѝ е специјалност на машката геј- култура – и да се дофатат општествените облици со сета нивна особеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)