специјалитет м.

специјалитет (м.)

Секој град има свои кулинарски специјалитети, ги има и Прага.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека нашите градови и гратчиња мирисаат на скара, во Келн е специјалитет кокошка печена на електричен ражен, која се продава на секое ќоше, во секое кафеанче, заедно со пиво и со други сувомеснати специјалитети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Капката „боровицка“, чешки специјалитет од боровинки, сите нè освежи, во нас проструи нов живот и така расположени го продолживме патот кон Берлин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На друго место, Лиотар вели: Еклектицизмот претставува нулта степен на современата општа култура: луѓето слушаат реге, гледаат вестерни, ручек јадат во Мекдоналдс а за вечера јадат локални специјалитети, во Токио се мирисаат со париски парфеми и се облекуваат „ретро“ во Хонг Конг; знаењето е нешто што им припаѓа на ТВ игрите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Седеа молчешкум покрај чашките со џин зачинет со каранфилче, што беше специјалитет на кафеаната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајка му ќе го пречекаше со некој од нејзините специјалитети, што му беа омилени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа беше сахарин зачинет со каранфилче, специјалитет на кафеаната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ѝ има зготвено специјалитет.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Рибино око немам око да те видам имам да те гледам на свој начин, во свое време никогаш да не ти се нагледам од овие сфери, од овие длабини да те изобличам да те преобразам на очите да не си веруваш така исто сум гледала и молчела молчела, значи гледала пред да ме крстиш риба псариа, fish, poisson, пред да ми ја откриеш смислата и од мене да направиш соѕвездие, знак, уметничко дело пред да ме уловиш и од себе да создадеш Риболовец а од мене добар пазар, специјалитети пред да ми ги дознаеш употребните вредности - мои и на моето око, метафизиката пред да измислиш мамки, глисти, црвци јадици, со еден збор јас се фаќам за јадицата а моето око сѐ гледа и сѐ знае но таи и разобликува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Имаше и полни чинии со бадемов кафен ориз - пилав (еден од специјалитетите на Кети), мелено месо и ориз завиткани во листови од зелка, пржени домашни колбаси, многу зачинети, чорба, длабоки чинии со мешана зелена салата, потпечени пиперки со маслиново масло и разни други зачини, вклучувајќи ја и неизбежната туршија од пиперки, жолти и со форма на рокчиња, за кои Даниел ја предупреди Рози, ”Немој да си гризнала од оние. Ќе ти ја изгорат устата”.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Куќите градени од делкан камен и над секоја врата табличка која во зимскиот период, кога работи жичарницата и илјадници скијачи тука доаѓаат од цела Грција, нуди соби, разновидни специјалитети од домашната селска кујна, а најмногу повикува на грав и секакви пити.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Една вечер бевме поканети кај деканот на Медицинскиот факултет и ни приредија многу убава вечера со разни специјалитети.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А специјалитетите!? Какви ли се не подготвила вредната докторка, мајката на Сју: скалопи, лососи, печени пченки и што ти не друго.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кујната беше отворена кон ресторанот и цело време ги гледавме вработените како ги подготвуваат специјалитетите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Можеше да стане угостител и да држи кафеана со македонски специјалитети кои денес се нудат, како расолница со сечкана сува пиперка, растриен компир со праз, исто таков грав, бакардан со и без сирење, пиперки со урда и тие некои живи салати во качиња и буренца... на децата им се збоктисуваа, зашто се вртеа сѐ истите и истите, па можеби затоа ни денес не одат по кафеани.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Турската кујна денес во светот останала позната по многубројните ориентални специјалитети и кулинарска вештина, оставајќи длабоки траги во готвењето кај балканските народи, но и во лексиката со богата турска кулинарска терминологија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)