спасител (м.)
Како да ве искорнам! Како да се куртулам од вас! Господе, господе! (Се крсти.) Спаси ме ти, спасителе Исусе ХРИСТЕ!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Јас сум неговиот Спасител.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
А на спасителите не им е дозволено да пијат, дури ни кога ќе се најдат меѓу двајца разбојници...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Таа сакаше на сите да им го покаже својот спасител.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Неговиот судија или спасител се наведнал. И самиот веќе смирен, речиси и глув и нем, минувал со палецот на левата рака преку челото на старецот, барал и стискал додека не почувствувал мека гасеница под челото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Откако оние што се нарекуваат спасители на верата, со огрлица од заби на див вепар околу дебелиот врат, упаднаа во Градот, и расфрлајќи пцости и оглодени коски од недоноќните гозби, ги изгнасија плоштадите, не е сигурен дали следниот пат ќе се запрат на искршените порти и ограбувањето...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Курсистите ни прават место да седнеме. Нѐ гледаат како да сме учители, како да сме ангели спасители.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Така Чанга во татковото верување беше еден вид спасител чијшто живот сега лебдееше помеѓу светото жртвување и реалното продолжување.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Спасителот станува волшебник, или дури полубог.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се враќаше од неизвесноста нашиот голем спасител.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кучињата во него гледаат спасител и му ја откриваат својата мака преку своето држење, гледање, цимолење, завивање.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Господ сакал Богдан да се јави како спасител, да ѝ ја ослободи душата од оковите и да ѝ го исполни срцето со радост и љубов.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тој ја стискаше цврсто за рака како што давеник стиска спасител и никако не се делеше од неа, а ако таа го оставеше за малку, тој веднаш ја бараше, ѝ викаше да ѝ го чуе гласот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Шумшул- град чека да му бидеш спасител.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Со возбуден шепот што прозвучи како „Мојот Спасител!“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Спиев со Ина, се парев со неа, ја обожував; по три месеца изведување на точката со скалата, веќе вежбав на трапез и станав третиот во точката на Ина и Светлана; ги прошетав сите европски градови; читав многу и се дружев со вистински луѓе, носев вистинска облека и пиев вистински вина; потем раскинав со Ина и своите потреби ги задоволував со многу жени од надвор; но со Ина останав сврзан со папочна врска и натаму, и вообичаено, спиев во нејзината приколка. Таа ми беше спасител; сѐ на овој свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа се будеше како отворена утроба со своите илјадници живи организми, последни живи фосили, кои како да ги поздравуваа своите спасители…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но јас ја сакав Ина на еден поинаков, сосема подруг начин од Луција: ја сакав како мој спасител.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Беше среќен од помислата што тука бие срцето на пријателството, солидарноста со големиот пат на јагулите, заедно со отсутната душа на големиот пријател, Игор Лозински, спасителот на животот на Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Еден цел жив свет на големото Езеро и околу него, го губеше својот голем познавач, пријател и спасител.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)