спанаќ (м.)
„Или јас тебе ќе те убијам, или сама ќе се убијам“, му рече еден ден кога Полин наполу го отфрли лебот и другите јадења и започна да ја засмрдува куќата приготвувајќи јадења од разни растенија што така диво растеа во природата: штавеј, блостурци, див спанаќ, лобода, ардукли, киселачка, разјан, зајачко зелје, шумска салата, мајорок, чубрица, дрезга, мечкино грозје, рајчица, шафран, жолта месечина, пиперица, горчица, див лук, брашнарка, граорка, гомбел и др.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Чинговци беа месари, мезетеа месо и со ракија, чисто месо само печено никако варено; немаа ништо против и сирењето, особено јакото, како ни против суканото ако е мазник; додека спанаќ и други треви не сакаа ни да видат; а со очи ја јадеа рибата, од пржената пастрмка до белвицата на сач.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Утринава во опулот ми останало само уште едно парче езеро што многу личи на четврт бурек - и тоа не со спанаќ или со месо, ами со бели едра.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Додека во трпезаријата јадеа пита со спанаќ, госпоѓа Мариела се надоврза на приказната од филмот: „Мила моја Ема, јас доцна дознав дека животот е толку многу богат со пикантерии кои постојано се случуваат околу нас.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)