сојузи св.

сојузи (св.)

140. Веројатно е печатна грешка и треба да стои VII век, бидејќи дури тогаш Словените во Македонија се конечно населени и образуваат посилни племенски сојузи за борба против Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Времето и волјата се беа сојузиле. Остануваше уште една ноќ.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А кога во време мала пладнина оттаму, од гората, се разнесе лелекањето на старецот (лелекаше и молеше тој за христијаните паднати во бојот со Турците на Марица и за сите христијани паднати во боевите со нив, лелекаше и ги колнеше Јована Кантакузен и Григорие Паламас, кои, за да се одржат на престолот на веќе разнебитеното византиско царство, се сојузи со нив, со поганците, а тие, пеколниците, кога се нашле едноаш на небранет пат, пред ништо и пред никого немало да запрат додека сѐ не изгореле и не испоганиле) сите го ожалија; си рекоа старецот, оставен сам таму во орманот, се поштукнал од умот и сега гласно си го кажува тоа што не смееше ни да го шепоти додека си беше прикрепен на умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа значи формирање приватни сојузи, формулирање лични политички платформи, водење на сопствени внатрешни и надворешни односи, воспоставување пазарни политики, програми за одбрана и сигурност, образовни и рекреациони настани.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така, денес се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а се удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност, а можеби самата е уште подлабоко во своите корења – изворен народен дух (мислев, се разбира, на мојот џез, инспириран од народната песна).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И поитав кон одајата на Филозофот, но за да дојдам до неа, требаше да поминам крај одајата на Лествичникот, пречка несовладива да минам, оти тој старешина беше и можеше секој миг да излезе од одајата своја и да ме праша каде одам во глуво доба и какви сојузи склучувам со нечестивиот; можеше да ме накодоши за сојуз со рогатиот кај логотетот, и главата да ми ја отстрани од раменици, ако се случеше тоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Синдикатите можат да основаат свои сојузи и да членуваат во меѓународни синдикални организации.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Синдикатите можат да основаат свои сојузи или други облици на здружување во кои нивните интереси се поврзуваат на повисоко ниво [„синдикати на повисоко ниво“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)