сочност (ж.)
Годините не ја намалиле онаа убост; на лице свежест се гледа, младешката сочност не ја беше сменила грубост.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Го зеде плодот. Ја почувствува неговата беспомошна сочност.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Црниците, меки и миризливи, се топеа в уста со онаа сочност и по малку тешка сладост.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ќе ти влезе во свеста
ќе ти се пикне под кожа
ќе забега во зоната на интимата
и оп, еден ден ќе му појде од рака
да го состави она што ти си го скршила
да го препише она што ти си го избришала
да го ископа она што ти си го потиснала
длабоко во тебе, со луд ум на лавина
да го открие она што си го забранила
за јавна употреба;
ќе ги размрсува и повторно
ќе ги замрсува знаците-јазли
на твојот личен и на
македонскиот синдром
ќе си поигрува со преобразбите
од дамнини до иднини
од лично до колективно
ќе ги претвора софистицираните искази
и поетските евокации
во егзистенцијални слики
за да ја долови речито сочноста
на твоите исконски мори
на твоите детски занеси
на твоите судбински
застранувања;
можеби ќе те надмине
со помош на вродената
смисла да глуми
да ја игра улогата на другиот
да се губи во другиот
небаре голтнат од ништото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тоа е изворот на пленетоста, на водата во мене. Сочноста на мојата суштина што ми дава сила да постојам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Гасне една младост, гасне едно тело. чинам беше тој човекот од бајките оној кој долетуваше со белиот коњ и мирно дишевме во црвените јорговани се гушкавме со сочните треви кои мирисаа на сено расцветаните липи, каранфилите. сочност, зеленило, шаренило буи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)