сочинува несв.
сочинување ср.

сочинува (несв.)

Тоа ја сочинува суштината и срцевината на неговото учење.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
На едната страна беа децата од чивчиите, занаетчиите, бавчанџиите, и чифлигарите, кои живееја во Варош-маалото, а вториот “табур“ го сочинуваа децата од беговите, агите и чорбаџиите, кои живееја во Долното-маало.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Колибата ја сочинуваа две одделенија, надворешно, мошне пространо, со сосаци и амбари покрај ѕидот, во кои се сместуваа житото, компирите, кромидот, а по диреците на клинови висеа торби во кои можеше да се најде грав, просо, лук, брашно и други потреби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ЈАКОВ: Времето идно, времето минато и времето сегашно го сочинуваат времето театарско.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се најдува лево од малечката заветрина Трн Дабје, која е безводна и која ја сочинуваат почетокот на јужниот лак на Потковицата и крајот на западниот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Умирањата и раѓањата го сочинуваа календарот на нашето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа исто така е и мелем Ben Gay, кој го пронајде францускиот доктор Bengue, со сите еротски конотации што го сочинуваат тој мелем, чијшто денешен еквивалент е „Deep heat“ (голема горештина); Ben Gau се рекламира во Америка во вид на карикатура на зелено џуџе (наречено Peter Pain of all names, Петар Бол од секој вид), кое прободено во болно место отскокнува поразено, и додека малечката жена ги масира неговите болни мускули со Ben Guz мелемот, тоа вреска: „Проклетство, повторно наседнав!“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во рамките на кругот кој го претставува светот, ги гледаме концентрично поставените зборови кои го сочинуваат насловот на книгата и посветата на надвојводата Фердинанд, исто како на насловната страна на Ars magne.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Структурата е независна од поединечните животи кои ја сочинуваат. Корпорацијата е форма на живот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Знаењето не е замена за талентот, но талентот потпомогнат со големо техничко знаење го сочинува книжевниот мајстор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А на небото, смеејќи се, толку високо што неговата смеа одвај се слушаше, имаше човек; човек облечен во блескава хартија и трска што сочинуваа крилја и прекрасна, жолта опашка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И покрај сета релативност на својата целовитост или единственост само животот и настаните во светот што го сочинуваат ја дава моќта на означувањето, правејќи од настаните нешто повеќе од факти што инертно постојат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не постои означено кое ѝ се измолкнува на играта на означувачки упатувања која го сочинува говорот, освен можеби за повторно да падне во неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Елементите кои го сочинуваа филмот од овој жанр не ми се допаѓаа, елегантни салони, раскошни скалила, луксузни соби за спиење итн.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На пример, кога „го разгледуваме општеството а не единката, животниот интерес на секое општество е индоктринација на децата коишто ја сочинуваат неговата нова сила”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Анализирајќи ја рамката, кон дело­то ќе добиете поинаков пристап при што ќе сознаете дека „филцот (термички изолатор), маста (движење и храна) и бакарот (енергетски спроводник), соединети во оваа енергетска скулптура и директно поврзани со подот, сочинуваат поле на сила и набој”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Тајните симболи“ ги сочинуваат јазиците на компјутерите и математиката, а „моќните зборови“ ги инструираат компјутерски- раководените системи да ги извршуваат Херкуловските задачи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашата цел во оваа книга е да ги разгледаме различните видови сложени структури и поведение што ѝ се спротивни на интуицијата, внимавајќи при тоа на заедничките особини што би можеле да ја сочинуваат основата на некаква „наука“ на изненадувањето и сложеното.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нашето задоволство бараше да се изрази и после првото интензивно заедничко навлегување во нашите личности, достигнавме рамнотежа на сите сили кои нѐ сочинуваа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Првата класа ја сочинува семасиографијата или идеографијата, додека во втората класа влегува фонографијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе