сочен (прид.)
Земјата мила, мајчица родна колку е сочна, мека, грабнете плугој, орачи мои, сеидба вас ве чека!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Земјата мила, мајчица наша колку е сочна, мека, брзајте в ниви, орачи мои, сеидба вас ве чека!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Мирисаше на зрели, сочни лубеници. И на солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На оваа мисла ги навеле и нивните коњи, кои бегајќи од низината крај Црна, летно време накачувале горе по Зелка, Ѓурѓишча, Перун и Трибор, барајќи сочна трева.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сочното прикажување на дедото проткаено е со современи изрази и ме расонува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Знаат, бездруго, дека ќе го закопам во мракот на визбата и знаат дека над него ќе одгледувам габи, од оние неотровни, беломесести, сочни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Повитoт тогаш ќе беше сочен и зелен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Долго ми требаше да ти ги доближам трите сочни стебла на дивите маслинки, нивниот ноќен мирис.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„И тоа е за вас херојство?“ пак рече не верувајќи дека уште не крикнал и не замавнувал и се чудеше зошто наеднаш се помирува со во неврат изгубените сочни стебла и со мирисот на нивните стеблаци.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Или тоа ветрот- виолинчелист го влече своето гудало по нивните сочни гранки?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На исток висеше сочниот портокал на деницата Месецот, како малечко рисче, спитомен и милкав, стоеше со притиснато лице на самиот раб од шумата, готов секој момент да капне зад неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Млада, убава, како тетовско јаболко румена жетварка, пченица зрела жнее и песна пее: „Излегол Гоце војвода чумата да ја пропади,“ По сочните зелени падини, ливади и китни македонски гори, пасат белоруни стада.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
По сочната и убава детелина летаа пчели и збираа сок за мед.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Крај патот, од едната и од другата страна, растеше сочна зелена трева.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Влажните росни капки, посипани со зелената и сочна трева, почнаа да блескаат како бели бисерни зрна.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сега тоа беше пасиште и ливада, обраснати со сочна трева.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
…по третата можеби четврта чинија салата четвртата можеби петта чашка лоза го прашав како ти беше тој одговори сосема мирно голтајќи сочни резниња домати се префрлав на свој терен густирав лоза со салата од домати тоа беше убедливо мое мечтаење моја игра само јас можев да ја одречам а не бев луд да го направам тоа нели…
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Од каде доаѓа, не знам, Знам оти по мене доаѓа, Знам оти во мене пропаѓа Со капките, стапките Ангелски, може Господови, Небесни плодови, тркалезни Мазни, немирни, проѕирни Сочни плодови. Господови.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Таа беше темнолилава и слична на сите сенки а тој копнееше по влажно зеленило какво што е мовлестата облека на шумските стебла - зеленило смекнато од сочното млеко на земјата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Јадеме, се лигавиме, ни се разлева сочната лубеница.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)