соучесник м.

соучесник (м.)

Бодлер (Baudelaire) на едно место во својата позната Поема за хашишот вели: “...односите меѓу поимите стануваат лабави, а основната нишка што ги поврзува вашите замисли е толку истенчена што имате впечаток дека единствено вашите соучесници можат да ве сфатат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, Дишан оди многу подалеку, бидејќи предвидувајќи ги различните субјективни реакции на набљудувачот како соучесник и творец на уметничко дело, тој ја задржува контролата, па дури го искористува самиот набљудувач.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Немоќта да го изменам овој ужасен свет во кој живеам ме тера стократно повеќе да го сакам ближниот свој - како затвореник, како соучесник, додека заедно ждереме кременадли во некоја мрсна гостилница...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Споделувајќи го тој мал чин на мислопрестап со него, О'Брајан направи од Винстон свој соучесник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По долгата и неизвесна ноќ, во која најголем соучесник ни беше стравот, блеснаа првите сончеви зраци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За да ја оправдаат политиката на масовни затворања и прогонувања, тие го лансирале тврдењето според кое немало егзархист во Солун, па и во Македонија во целина, кој не бил, барем морално, соучесник во атентатите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџиската револуционерна акција била од таков карактер што ниту имала потреба од широк круг на соучесници ниту пак можело лесно такви да се најдат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Знам дека сфаќате оти јас воопшто не се сомневам, дури ни не помислувам дека некој од болничкиот персонал можел да биде соучесник во исчезнувањето на Загорка Пеперутката!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го повика во палатата претседателот на Парламентот, својот врсник, и соучесник во главните битки за независност на Тунис, познатиот туниски писател Махмуд Месади.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Покажаното насилство ќе биде плод на немоќта на тиранинот кој ќе бара во својот наум соучесници меѓу слабите од секаков вид.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Литературата не е соучесник во овие процеси, туку по налог на својата специфична функција таа е само сведок, честит и храбар сведок, којшто не молчи туку гледа и кажува, добро гледа и добро кажува и трајно посведочува.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не сакам да правам од тебе соучесник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Татковото останување во Цариград не се оствари според соништата на неговата мајка Хазбија, прва братучеда на Али Фети Беј Окјар, соученик на Мустафа Кемал Ататурк во турската Воена гимназија Идадије во Битола, негов пријател и еден од главните соучесници во создавањето на нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не се оствари надежта на еден на основоположниците на новата Република Турција Али Фети Беј Окјар, соучесник и пријател на Мустафа Кемал Ататурк од Воената гимназија во Битола, негов прв премиер и верен пријател до крајот на животот, Татко, неговиот внук, нов кадија и на шеријатот и на модерното европско право, да го започне искачувањето кон врвовите на новата владетелска хиерархија во нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)