состојка ж.

состојка (ж.)

Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тогаш, напролет, тревата е најбогата со состојки, стоката по цел ден пасе, а и сонце има достатно па лепешките можат убаво да се исушат до наесен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но бидејќи тешко му одеше, излезот го бараше во вулканите: со нивна помош сакаше да го реши потфатот, зашто вулканите се тие што ја создале живата материја на земјата; тие ги имаат сите потребни неоргански состојци за тоа: амонијак, метан, водород, цијановодород, јаглендиоксид и други, од чии соединенија, под дејство на висока температура и со присуство на водена пареа, се создаваат органски молекули, се постигнува синтеза на аминокиселини, нуклеински киселини, белковини и други потребни молекули за создавање на жива материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Перверзните состојки од менито во својот сервиран изглед стануваат загатки за јазични но и композициски дешифрувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Активната состојка се содржи во материја која се џвака како мастика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Процесот на трансформација на природните состојки, полнењето на животинските тела, се фасцинантни задоволства, врвен општествен обред што му импонира на новокласниот сопственик на ресторанот, свирепиот* Крадец.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Разликите меѓу нас сепак се споредни: она што Фуко го нарекува диспозитив, а што Феликс и јас го нарекуваме подесеност, нема исти координати со оглед на тоа дека Фуко ги поврзува изворно историските низи, додека ние поголема важност им придаваме на географските состојки, на територијалитетите и движењето за детериторијализација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Ги сакав состојките, но не и рецептата.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Киселинскиот тест не кажува ништо за точниот состав на таблети­те, што содржат или колку активна состојка имаат во себе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
“ (Strelac 1995) Тој предвидува синтетичка кожа којашто ќе може да ги апсорбира кислородот и другите хранливи состојки, ќе исчезне потребата од внатрешни органи, а телото ќе се испразни и ќе се наполни со технички импланти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Богат е со минерали, метали, неметали, разни видови извори на вода, лековити билки, пештери со живи гасови, можеби и неоткриени руди, видови јаглен и многу други неосознаени состојки кои се негова содржина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мозочето мое кутро, кое си го замислував како обарен карфиол на кој топлината му ги уништила сите витамини и хранливи состојки, беше оптоварено од ништо друго, туку од непотребно (но тоа сега го велам) непрестајно, и на крајот на краиштата, бескорисно (кое токму такво се покажа) проследување на настанатите, па дури и на ненастанатите, туку потенцијално претстоечки ситуации во мојот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој со занес зборува за топлите дланки на Ана, (топли како најслатко печено), за непостојаните форми на тестото во нејзините прсти; за нејзината насмевка и одразот на насмевкава врз надворешниот изглед на пицата; за состојките додадени на тестото што наеднаш ги губат посебностите во корист на целината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За да се види секој слој на таа текстура, за да се знае секоја состојка на сите тие слоеви кои го сочинуваат човечкото суштество, требаше да се направи првиот чекор – да се отстранат илузиите, а најголема од сите илузии, сметаше тој, е религијата со нејзините догми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ретките состојки на зборот Нѐ допираат во животот И ние ги изговараме.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Климент Камилски, кој го следеше подготвувањето на баклавата од суканите тенки, речиси проѕирни бели кори, до додавањето врз секоја кора на филот претходно направен со мешање на состојките мелени ореви, бадеми и лешници, на крајот сечењето со нож на парчиња во облик на ромб и на крајот печењето во загреаната фурна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите овие приказни завршуваат речиси на ист начин: имамот се онесвестил од вкусот на јадењето подготвено од неговата сопруга, според други од различните состојки во јадењето, а според трети имамот се прејал од превкусното јадење и се онесвестил...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имамот, убаво се најал, ја пофалил сопругата за јадењето со многу состојки, но кога забележал дека во подрумот нема храна, се онесвестил. Сите весело се насмеаја, вкусувајќи ја варијантата на Мајкиниот имам бајалди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)