составен (прид.)
За тврдењето на проф. Миловановиќ дека Македонија не составувала и не составува географска, етнографска и историска целина, за кое некои можеби ќе најдат потврда во моите расудувања за изменувањето на националното име кај нас, освен тоа што е речено кога стануваше зборот за прашањето дали има во Македонија две словенски народности, ќе го речам уште следново: Иако е Македонија составена од неколку котлини, разграничени со високи планини, пак таа во денешниот нејзин вид има живеано одделно од Бугарија и од Србија или самостоен живот или под други држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Врз основа на чл.23 од Берлинскиот договор, во 1880 год. Високата порта подготвила еден „органски устав” за самоуправувањето на Македонија што бил прегледан и одобрен од една меѓународна комисија составена од претставници на потписничките на Берлинскиот договор, којашто заседавала во Цариград.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Додека француските материјалисти го подложија на најбеспоштедна критика сето она што не му одговараше на здравиот човечки разум, прогласувајќи го разумот само за еден составен дел од механички сфатената објективна природа, — Кант со прониклива критика на тој разум дојде до заклучокот дека природата и разумот се две изделени „ствари за себе“ и дека формите на познанието му се дадени на разумот “a priori”.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
I. Дружината наша е составена од шестмина долномаалци.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Му се чинеше дека веќе не е оној уважен, сериозен научник, доктор Коста, туку дете, составен дел на некоја одмината убавина и добрина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Им се предаде на Грците, кои по долги распитувања, го префрлија пак во работен баталјон составен од заробеници и дезертери.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Таа е составен дел на стопанскиот живот не само на убавиот Франкфурт, туку и на високоразвиеното западногерманско стопанство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Годинава црквата ја празнува 700-годишнината на најпознатиот хор во Германија, составен од членови на возраст од 8 до 18 години.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Разгледувајќи го Домот на инвалидите се најдов пред влезот на големата црква „Сен Луис“, која е составен дел на Домот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сѐ е ставено, составено со водата. И не се ставивме повеќе со неа. Писание било.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сулфурот ни е составен дел на нашето дишење уште од раѓањето.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Сѐ е бело и составено од него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сега сите тројца под кривото дрво гледаа кон неа, во белината на вратот или во испупченоста на градите. И самата гледаше во трите составени глави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А душата не е од ништо составена, од ништо сложена, таа е проста, без составки - и затоа не се распаѓа и не гние, бесмртна е.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тој продолжи: - Во природата се распаѓа само она што е составено од нешто: од делови, од честици, што е соединение.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Галактиката е ѕвезден систем составен од над двесте милијарди ѕвезди.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И имајте на ум дека гестикулацијата е составен дел на секој дијалог.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
* Се спуштаат низ улицата бронзена, како некоја кралска поворка составена само од кралеви. Кревајќи облак звуци нечуени, метејќи ја прашината мисловна.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)