сосредоточува несв.
сосредоточување ср.

сосредоточува (несв.)

При крал Волкашин Македонија пак како да се одделува од другите делови на Немањиќевата држава и како да се сосредоточува околу него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нацијата претпоставува минато, но сепак со еден опиплив факт се сосредоточува во сегашноста: станува збор за прифаќањето, за јасно изразената желба да се продолжи заедничкиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас ги следев неговите насочувања, иако сакав да изменам некои елементи, оставајќи повеќе простор на некои, или сосредоточувајќи се на силна вертикална енергија, а потоа на латентна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Веќе не постои една единствена фундаментална противречност која во себе ги сосредоточува сите општествени спротивности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се осмелуваат дури и да нѐ изневерат, и тоа токму сега“, и велев сосредоточувајќи се на нејзиниот поглед од сликата што ја носев скриена длабоко во себе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сосредоточува на текстот од интервјуто за „Der Morgen“ кој му се враќа во мислите збор по збор, онака како што го даваше тогаш, пред девет години, имајќи ги пред очите како негови први читатели, татка си, реб Апфелблум, своите ционистички пријатели од Жешов, авторитетните рабини на Берлин, дури и неговите просветени професори од Виена кои во неговото доживување стојат, тројцата, со широко разлистани весници, потчитуваат од неговото интервју, а потоа задоволно фрлаат меѓусебни погледи преку рамките на очилата и цвикерите и задоволно го одобруваат прочитаното...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Престанувајќи да очекува што и да е од задгробниот живот и сосредоточувајќи ги сите ослободени сили на овоземниот живот, човекот веројатно ќе постигне животот на сите да им биде поднослив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)