сор (м.)

Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еден од селаните се издолжува немо, другите неподвижни на своите места, по движењето на неговата десна рака знаат дека тој извлекува сор од појасот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Човекот со сор се потпира до едниот лакт врз мртва трева.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пак човекот со сор оди по суви гранки за да го зачува огнот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
продавачите на железарија ја растуриле сермијата крај патот (маши, пирустии, кации, потковки, секири, српови, коси, сорови, синџири, тепсии, ибрици, ѓумчиња, аванчиња, легени, кантари, саанови, котли, ѓезвиња, кандила, фенери) и тропаат со ѕвонци за да го привлечат вниманието на луѓето;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од појасот му ѕиркаше змиулест сор, алатец силен и за гранки и за човечки жили. И на неговите шепи им тежеше крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тогаш го чул извикот на имењакот со златна обетка на увото да се влезе во крвавата тепачка со исти такви јатагани или со сорови и секири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сретнуваат над страшни места, над песочии, над змиски карпи или над некогашни гробишта, и удираат едни на други - долг клун на подвижни нокти, кол на сор, крив нож на копје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го поздравив, здраво, му реков. Тој дојде до мене и се потпре на рачката од сорот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со сорот ги чистев трњето, со пилата гранките. Многу години бавчата беше оставена и пуста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)