сопружник (м.)
Така е, на чесен збор: во малите градови осамените и тажните се кловнови за луѓето, за оние луѓе што строго го поделиле животот на печалба, сопружничка должност и спокојство крај полната софра. Во малите градови.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ѓоко и Лиле се среќни сопружници. Живеат во хармоничен брак дваесет и кусур години.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Седната на клупата пред зградата сметаше на случајна средба со еден од сопружниците.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)