сопруг м.
сопруга ж.

сопруг (м.)

Кога ќе ги врзе трите камчиња, 2) трици од брашно или дрво под бичкија, 3) лош човек — трица трнка — растение со многу трнје троска — остатокот од железото што останува после горење на железото трпезница — долга софра — трпеза тук — салото што се топи од сланината кога се јаде само пржена тукче (деминутив од тук) туткан — будаличка, завапкан тутне — да помине овој бел век ќаа — чорбаџија што пасе туѓи овци со кирија на руга ќатипче — писарче ќедер — штета ќерал — дел од куќата (шпајз, мусандра) ќеше — сакаше ќешки — само . .. ќилим — црна шамија за на глава ќулка — детска горна облека со ќулавче ќурдија — машка облека — елек ќурче — легинско фустанче угич — брав што оди пред овци, специјално острижен уѕур — од досада од бес, од што нема што да прави укрилам — заштитам улишам — правам со некаков дефект, без нешто што треба да го имам улка — утка, будала, глупа жена уложје — кошулицата по раѓањето на дете или животно уми се — се мисли, се чуди Уќумат — околиска власт ушчип — мена на месецот кога се подјадува фарк — итер, мајстор, ербап, снаодлив човек филџан — чаша за кафе фудбал — гордост, на големо оди „фудул" — големџија цврцнат — поднапиен цинкам — се ењавам, стенкам црквар — што оди или не оди в црква црнгалест — калеш човек, жена црнило — во случајов мажот или жената е црнило на другиот сопруг цулувци — спуштена коса над уши и потсечена до под брада Чебрен — манастир крај реката Црна чеда шарени — мешани деца машки и женски чекулец — дел од самарот за кој се закачува ортомата чело — почесно место на софрата чепкам — волната се чепка пред да се влачи честица — дел од просфората од која се вади литургија чисти понеделник — понеделник по поклади за Велигден чмеам — полека вријам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ЛУКОВ: Госпоѓо Христова, Вашиов уважен сопруг и јас сме овде поради една многу важна работа. Работа од историско значење.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Немојте, Ви се молам, та јас пред Вашиот ценет сопруг зедов обврска да се грижам за сѐ за вас, нели?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тоа што тој не е во состојба да Ви биде сопруг, во онаа смисла во која Вие би сакале...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И така двајцата сопрузи решија да го пуштат Гоцета да продолжи да учи...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога еднаш ѝ наговестила дека нејзиниот сопствен брак е несреќен, таа отворено ѝ предложила сопругот да го чува за издржување, а на друго место да бара страст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, дали тоа ќе успееме да им го забраниме и на нивните сопрузи, љубовници, пријатели и роднини?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, сепак, ако не зборува, таа би чувствувала дека „живее во лага“ и се изневерува и себе си и сопругот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во желбата да задржи одредена логика во замислите и да ја сочува екстраваганцијата на својот сопруг, жената на филологот, која во неделата беше негова ќерка, инсистираше да се усвои принципот замената на имињата на предметите да се извршува според класификацијата на родови и да се усклади со употребата во секојдневниот говор. 64 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И иако ништо крволочно не беше имплицирано во бледите преливи со светлина на боја на лаванда во чиешто прикажување сликарката на „Баричката роса“ толку уживаше едно августовско утро, тој поглед насочен од нивната тераса кон соседната куќа, во која - една вечер откако сликата беше завршена, можеби додека уметничката и нејзиниот сопруг ги посматрале метеорите од својата тераса - младата разведена мајка на две деца ја врзал, силувал и пљачкосал по зло прочуениот „Изолирбанд силувач“ од Вилмингтон и околијата, кој и понатаму е на слобода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мајка остана сама во куќата со татковите книги, под вечниот изговор дека таква била последната желба на сопругот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко беше внесен над една книга и не рече во мигот ништо, а пак Мајка, внесена во плеталото, побудна од својот сопруг благо рече: - Сине, Бог е во нас! Мајка потем замолкна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татковата сестра замина. Но, таа со сопругот не беше пречекана како што очекуваа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- А нејзиниот сопруг потоа воопшто не дојде?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Веројатно потсвесно, најмногу сакаше да се сеќава на деновите кога се запозна со својот сакан човек. Потоа и сопруг. Татко на нејзиното дете. ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но во иднина нема да има ни сопрузи, ни пријатели.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Токму се беше разочарала од сознанието дека се прекинати сите врски со нејзиниот сопруг, со Хелвиг, по подолго време влезе поштар во дворот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Земанек ја убедуваше дека е возможно и уште ѝ објаснуваше дека јас таа вечер сум ги довел девојките до ситуација да пукнат од смеење, оти сум ја споил таа акробатска способност со мојата смисла за хумор и книжевност, па сум играл една епизода од Декамерон на Бокачо, во која наивниот и глупав сопруг никако не може да се качи на скалата од таванот, за да ја фати својата жена Петрунела како со својот љубовник води љубов; а не може да ги фати, затоа што не ја потпрел скалата на ништо, па штом се качи, се занишува и веднаш стрчнува надоле, од другата страна на скалата, за да не падне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја изведов точката беспрекорно; на еден необично, гротескно висок кревет, што го бевме направиле специјално за таа намена, лежеа, во прегратка Луција и Земанек, а јас со скалата, потпрена на ништо, во воздух, се обидував да се качам и да видам што прават; јас бев, наводно, глупавиот сопруг на Луција, а Земанек нејзиниот љубовник. Луција П беше Петрунела.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа ми забрануваше да ја сакам, ми забрануваше „јас“ да бидам „јас“ и јас да решавам што ќе сакам и што ќе правам; со тоа, таа ме лишуваше од себеси самиот, како што се прави тоа кога човек се става во затвор, па му се одзема правото да биде она што по професија е, да биде сопруг на својата жена или татко на своите деца, да биде пушач, па му се одземаат запалката, цигарите, сликите од семејството, паричникот, врвките, каишот; тоа беше чиста политика, идеолошки терор од прв ред: да не му дозволиш на човека да биде она што е!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе