сопре св.

сопре (св.)

Ги сопре, најпосле, стравот што во слепилото на ноќта го почуствуваа од можноста да удрат во француската војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Всушност, нѐ сопре стопанката на хотелот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Ало такси, ало такси, еј такси!“ - се слушаат често повици од некои граѓани по автомобилот со ознака „такси“, но таксистот иако вози празен по улицата, нема да сопре.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во првата странична улица сопрев пред една еднокатна куќа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некој, јали бог, јали Владимир, јали некој трет може ќе го сопре Арслан бега, само тој нека попричека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никој не можеше да го сопре ова движење на луѓето и козите, под командата на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга обично одеше докрај во извршувањето на науменото, немаше сила што можеше да го сопре, особено кога го водеше инстинктот на вистината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но кој можеше да го сопре Чанга во неговата љубов кон козите, кон луѓето, кон животот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Ебате Господ! Ама тој ти е ѓубре до крвта? Ништо нема да го сопре веќе!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Без познавање на контекстот, тој знак може да се „чита” на најразлични начини - некој копал / некој ќе копа / некој токму копа / некој расчистил / некој сопрел / некој препречува одрон - или дури (како што откривме во натпреварот за најапсурдно толкување на знаков) дека некој се обидува да отвори чадор по ветровито време! Маргина 36 191
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не можев да го сопрам мојот антисталинистички рефлекс.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бргу го сопреа два големи бункери, како големи бели очи на ридот, кои ми ја упатуваа последната закана: никогаш повеќе да не се враќам во родната земја зашто, во спротивно, ќе пукаат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не можеше никаква сила да ме сопре да зборувам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Ти ветив дека со чудо ќе го сопрам возот; и тој нема да влета во тунелот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги сопрев и слушав како ме пцујат бидејќи ги застанав малку подалеку.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потем сѐ се случи многу брзо: експресот се појави зад кривината со страшно трубење; машиновозачот беше притиснал на сирената, затоа што јас стоев на пругата, а Јан Лудвик, расчекорен на самиот врв од мостот, со раскопчани панталони, со фалусот во рака; јас потрчав десно од мостот и се стркалав по насипот; се сопрев дури пред реката, во една грмушка; локомотивата протатне под Јан и веќе влегуваше во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земанек ме сретна на коридорот и ме сопре; рече: „Што се случува со тебе?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби додека фотографите ловеле пеперутки успеале два-три пати да го сопрат времето.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Не можев да ги сопрам солзите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш Фоте генералот го сопре целото друштво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе