сопран м.
сопрански прид.

сопран (м.)

Нежниот сопран на мајкиниот повик го одлепува детето од ногата на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во неговата глава и во неговите цврсто стиснати усни имаше музика, и тој ја управуваше големата машина, громовито силната органа, басот, тенорот, сопранот, длабоко, високо, и на крајот, струната што му предизвикуваше морници така што мораше да ги затвори очите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чуму му служат, би можел да праша одреден тип луѓе, овие протегнати, фрактализирани, бескрајни поздрави, налик на оние на туберколозните сопрани во „Травијата” или „Боеми”?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Брзината е сосема пристојна, сѐ додека не ѝ заѕвони телефонот на бирото. – Ало? – се слуша нејзиниот необично гласен сопран.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Конкретно, Пол е женскав, хистеричен гиздавец. Зависник е од театар и од музика, иако уметностите не ги разбира вистински; без разлика, склон е кон „необичен занес“ од средовечни сопрани, особено кога се овенчани со круни и кога ги окружува ореол на слава (120).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, никој – барем ниту еден геј-маж – што го слушнал Дејвид Даниелс како пее или кој преслушал снимка од него како пее романтични песни компонирани за сопран, не би можел да не наѕре некаква врска помеѓу неговото усвојување на женскиот гласовен репертоар и настраниот облик на емоционалниот живот што честопати изгледа дека ја придружува хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)