сопира (несв.)

(Растура мебел како во нервен напад. Нове поаѓа на него. Кристина го сопира.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На патот кон канцелариите на југословенските градежници, една верверичка го сопираше вниманието на секој минувач.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Така смеејќи се, виткајќи се од смеа, заборави на казните, со двете раце сопирајќи си ја смеата рече: - Е, Леме, проклет да бидам, не се родил поголем шегаџија од тебе во целиот свет!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се уништија сите свињи, но болеста не се сопираше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Иван гледаше во една мравка што лазеше крај неговата рака и со сува тревка ѝ го сопираше патот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Татко ми го сопираше, му велеше дека пред да стигне до клучните луѓе, ќе се изгуби во пајажината на помалите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние тогаш ја сопиравме и не знаевме што се случува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но книгите го сопираа татко ми да донесува брзи одлуки во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наместо критички да ги преиспитаат тие, свесно или несвесно, ги забошотуваат карактерните национални мани и така го отфрлаат сопствениот интелектуален развој и станувајќи, такви, национални писатели, нацијата ја сопираат во природната еволуција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас го молев да слезе, оти секој миг можеше да наиде експресот, но тој велеше: „Не грижи се Луцијо, јас правам чуда; ќе го сопрам возот со поглед, со еден блесок на очите ќе го сопрам; сум сопирал јас и поголеми нешта во животот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас се вовлеков, сиреч, во пазувите на татка, сопирајќи го здивот, затворајќи ги очите за да не го здогледам јарето, иако веќе му ја чувствував тучтежината и студенилото во гласот на Арето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А страста незауздана и силниот копнеж, по телесни уживања, тој го сопираше вешто со трезвеноста своја.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Миризбата на крвта ми создаваше нагони за повраќање, но се сопирав и се обидував да не дишам низ нос.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија забележа дека дури готвеа таа постојано зборуваше и како што го правеше тоа граматичките конструкции сѐ почесто и почесто ги грешеше, но тоа како воопшто да не ја сопираше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Еве го! Го најдов доаѓам! –возбуден Кире довикна, зашто стравот гласот му го сопираше, го стегна в грло нешто горчливо...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Проститутката уживаше во сопствениот одраз од излогот на стоковната куќа на главната улица, на која само тој ден имаше право да ги сопира несовесните возачи, елегантно кревајќи го знакот „Стоп“ и дувајќи во свирчето, толку меко, речиси нечујно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Нетанјаху не ги прекинува преговорите, но тие замрзнуваат и упорно го сопира нивниот тек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чепкаат во тоа што го поминале по планињето, без престан ги бараат виновниците за изгубената рака, нога, големите лузни, за опустошените села и уништените куќи, за осакатените и загинатите, за изгазената верба и лажните ветувања, за удолницата што ни ја направија многу стрмна и по која сѐ уште не сопираме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе