соопшти св.

соопшти (св.)

Една се поднаведна над човекот. Наслушнуваше, потоа важно соопшти: - Треба да собираме пари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јатрва ѝ Митра, која цела година гледаше кај мава Доста, побрза со задоволство да ѝ соопшти дека попот отишол кај Жиовчеви со услов да и венча децата кога ќе потпораснат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога му соопшти говедарот на дедот Стале, тој си ја зеде патарицата, која беше симбол на неговиот егуменски положај, и му отиде во црквата пред иконата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој ден Дуче одеше поручек во општината и оттаму добиваше наредба каква новост ќе им соопшти на прилепчани, а особено во сабота.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа просто како и војникот соопшти -„Војна е.“ Полека се собраа околу нив и се подбуцкуваа грчејќи ги прстите зад грб.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш ја дигна главата и со мирна решеност соопшти: „Сѐ е ова лага. Нема веќе да ви се покоруваме“.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа ќе дојдат со замисленост на лажни лингвисти да ме изнесат покриен со чаршаф а од просектурата, играјќи си со секакви ножици, пилички и скалпери, ќе соопштат дека се случило без нивна вина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Им пристапија гласници на сите бегови што не беа во Прилеп и Скопје, на тие што беа тука усно им го соопштија денот на тргањето уште пред цел месец и сите се зафатија здраво на работа, бидејќи така им пиша самиот калиф Сулејман.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Брзаше да стаса дома и да им ја соопшти на мајка си и на сестра си радосната вест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тие погрешно се разбраа и еве таа што му соопшти на татко му: - Ало, вие ли сте, другар Велко? - Да, да.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Имам да ти соопштам убава вест, - му рече тој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека трчав да ви соопштам ги избришаа и фирмите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Завчра Коле радосно ни соопшти дека денес повторно ќе нé учи тетка Анѓа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Размислував цела ноќ како да ви соопштам, како да ви јавам, бидејќи, еве, уште од вчера сме затворени.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Веднаш погодив дека има нешто важно да ми соопшти.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пак ѝ се случило нешто чудно на Билјана и брза да ми го соопшти.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Само на селото никаков ќедер! — строго му заповеда бимбашијата и тргна пред аскерот, разделувајќи се со витолишкиот јузбашија, кој по истиот пат се врати назад во Витолиште и му ја соопшти пријатната новина на стариот мудур Арслан беј.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селаните се поиздишија кога Трајко им соопшти дека се слободни, но да гледаат позарана да си идат в село оти падна ли мракот — аскерот ќе стрела на секого било да влегува, било да излегува од село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прати еден од овчарите, Палилулевци, до Проќа, и нарача да му соопштат на Риза, неговиот другар во бараката, да се стави со него: има да му каже нешто. Не заборави да му нагласи на овчарот, дека тој е оној мариовец што го отепа гавазот Аќифа пред десетина и повеќе години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе