сообраќајка ж.

сообраќајка (ж.)

Си го разнел мозокот во сообраќајка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
_ * Игра започната една есенска ноќ на студентската мансарда, продолжена 10-тина години Подоцна на бирото на колегата загинат во сообраќајка.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Дури и во полиција се јавуваше да прашува дали се случила некоја сообраќајка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Телефоните ѕвонат, таму сообраќајка, онаму тепачка, а јас рецитирам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но прошетката ќе ги освежи, ќе запалат по една цигара, а сообраќајката е добро оправдување за евентуалното доцнење - рационално си ја сумираа ситуацијата, без поим во што се впуштаат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Мене уште долго, долго ми недостасуваше звукот што го правеа патериците на Александар додека тој многу внимателно се движеше низ дневната соба во куќата на татко ми, каде што престојуваше додека закрепнуваше од сообраќајката што за среќа сите ја преживеаја без поголеми последици.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тешко ми е да го завртам неговиот телефонски број. Како да го прашам к-како си? Тоа не е сообраќајка! Тоа не минува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Инаку да ти кажам, една недела пред да се случи ова доживеав сообраќајка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)