сомун м.

сомун (м.)

Секое одење на пазар, Силјан, уште неслезен од коњ, право ќе појдеше кај лебарниците и ќе земеше еден топол сомун ас-екмек и ќе си купеше тан-алва, та ќе јадеше.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Е, кога ми е посладок сомунов со тан-алвава, бре браќа, им велел на другарите си, како да јадам од дома ’ржани леб?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Покрај сомуните, Србите почнаа на „стапицата" да оставаат: конзерви, шеќер, кафе, сапун и друго што имаа во изобилност со разни предизвикувања.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра отвори, зеде еден сомун чист леб, го кладе на софрата и Доста си ја крена и си ја занесе пред машките. Со клавањето му вели „добре дојде, дедо Петко", а и на Илка да му го врати намигнувањето му вели: „е добре дојде и ти Илко", — и му чкрапна со левото око.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И токму една ноќ Митре со двајца свои другари кладе мамец на стапицата (еден сомун и на него книжулче со натпис: Бегај Гано од мое Старавина оти мајчето ти го расплака ако ми падниш в рака), и еве ти ги во утрешната мугра двајца „Гановци" на мамецот, а Митре со другарите кои преседоа цела ноќ на „пецање" им се фрлија одзади.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Сомуни да беа десет – ќе ги изедеше, - додаваа други.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Земаа на вересија од аништата по неколку сомуни леб, но прво си го делеа сејмените меѓу себе, та што им престануваше им даваа по некој залак на сужните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таинот им се зголемуваше и со тоа добиваа повеќе сили да издржат докрај. – Уште има луѓе за бога – велеше Јован Сирмев кога во Воден им дадоа по два сомуна и по парче сирење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа овие сомуни леб и сирењето ги хранеа нашите сужни и физички и духовно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имаше шест сомуни од добриот леб, малку препечени и добро затворени во корките, како ореи, нив ги смести од едната страна на сандакот, во кој секогаш кога беа тука, ја чуваа храната, а по ова таму ги сместуваше и другите ситници што му ги имаше ставено во торбата Мара.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во сандакот му беше останат само уште еден сомун леб, стврднат и начнат на едниот раб, а во другиот агол стоеја уште пет сотни компири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од ноќвите, од онаа страна до мијалката, извади сомун леб, ѝ го подаде на средната ќерќа, Мара, да им го даде, а таа остана кај мијалката да го оплакне котлето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Коте го зеде сомунот и открши по едно парче за секого.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Ете шо ќе правиме: ти вечер ќе си одиш дома и утре в зори те чекаме на Маргара, кај чешмичето, со некој и друг сомун леб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
10. ЛОШИ АРНИ - НАШИ СМЕ СИ - такво родољубие штом се рече од црно брашно леб се меси за најбел сомун да се пече...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А сакам да ви пригода по некој сомун за пат, оти веќе време е да се разделиме и секој да си а гледа работичката, кога веќе му се издутнаме на Бахтијара вчера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Куле се поразведри. Ја зеде торбата и извади сомун 'ржан леб и еден склопец со пиперки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Киле седнат на едно триножно столче, со софрата пред него и на неа земјената чинија со сув грав и половината сомун леб од сетното месење, јадеше како одвај да џвака, полека некако мрзоволно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Рамница што очите со денови не можат да ја изодат, лебот на нивите расте готов во сомуни, а ние по умот на дедото Костадин!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ја избришав и ги ставив сомуните да се печат и избројав дваесет и еден леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Повеќе