сомнеж (м.)
Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Заедно сме: атот, патот и сомнежот, Одиме сите кон иднината, Пред нас маглите и далечината Со нас атот, патот и сомнежот.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Постоеше некоја ритмична бодрост во неговото кажување, поигрување со сопствениот сомнеж. Па, и една игрива наивност.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но уште тогаш се зачна сомнежот кај власта и партијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Прераскажувајќи му го животот на она трето лице за кое самиот себеси се смета, чувствува во последно време чудна осаменост во оној дел од внатрешноста, кој за жал не може да се опфати со обично зборување и кој, на необјаснив начин започна да се исполнува со празнина и тоа таква, што го поттикнува да чувствува сомнеж.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Пишувам од самоилузија, од поместување; а бидејќи пишувам од меѓупросторот, непрекинато ги повикувам другите да ги побараат своите меѓупростори и од нив да ја набљудуваат градината во која стеблата раѓаат плодови што се, без никаков сомнеж, скапоцености.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Имајќи верба во своите родители, децата стекнуваат верба во себе, врз основа на која развиваат независност, иницијатива и марливост и ги надминуваат таквите себеоткажувачки болни чувства како што се срамот и сомнежот, вината и инфериорноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сомнежот наведува дека смртта би можела да е токму пред носот, Тоа сигурно би била неочекувана последица од Росентхал-овата голема романса со апстракцијата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но тогаш почна да созрева сомнежот дека науката бројните кодови само ги пројоцира нанадвор, значи дека станува равенка за природните закони, кои би требале да ја заменат самата природа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Секогаш постои некој сомнеж во поглед на вистинитоста на нашето задоволство и во поглед на барањата на нашата волја.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Претпоставката за Другиот е можеби само последица на тој радикален сомнеж во поглед на нашата желба.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Но во душата ѝ влезе сомнеж.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Добро е што не ме притисна малку повеќе па ќе морав и сонот да ѝ го кажувам во кој ја видов Пелагија а таа мене не ме виде, не само што ќе се прашуваше себе си гласно како можело да ти влезе во сонот и да не те види, туку и во неа ќе го наголемеше сомнежот околу тоа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Немаше повеќе сомнежи, немаше повеќе аргументи, немаше повеќе болка, немаше повеќе страв.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И нов бран сомнежи го обзеде.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Постмодерната теорија за историјата како фикција која не подлежи на вистина туку на спекулација, една е од доминантните теми кои Бунар ги преиспитува, а сомнежот, како неизбежен мотив на современата книжевност, е доведена до перфекција со посредство на неверодостојнливите наратори во чии искази не може докрај да се верува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ја совлада сомнежот дека се случило најстрашното.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се ежев од помислата на близината на ѕвероликите и од сознанието или сомнежот дека нивното седење и молчење има некаква цел.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)