солидарност (ж.)
103. Таа сила се поддржуваше главно со полната солидарност на „Станишевскиот врховен комитет” со „Внатрешната организација”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие не прават нешто за да бидат пофалени, тие го прават тоа од човештина, добрина, чувство за солидарност и слично.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Млекото на козите во тие тешки волчји времиња стануваше еликсир на солидарноста, а и формулата на неговиот состав не можеа да ја утврдат никакви партиски документи и планови за изградба на новиот човек.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Политиката на спречување на наркоманијата која е заснована на солидарност би се борела за сведување на последиците од уживање на јаките дроги по општеството и по поединецот на поради намалување на штетните последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Литературата, според него, се експонира автентично само во тоталната солидарност со граничните прашања на егзистирањето.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Од неговиот збиен коментар проговорува специфичната еснафска солидарност: макар што не ги одобрува, тој настојува да ги разбере оние литерарни проповедници на епскиот дискурс кои, како залутан пустиник, ја преспале симболичката бура, па безнадежно се обидуваат да ја воскреснат оддуваната референцијалност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Истиот оној Ренан кој го побиваше погубниот поим на втемелувачкиот договор сега нацијата ја претвора во предмет на премолчен договор што секојдневно се создава меѓу оние што ја прават: „Нацијата е, значи, израз на цврста солидарност која е создадена од свеста за поднесените жртви и спремноста тие и понатаму да се поднесуваат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не дека е апсурдно на оној начин на кој апсурдноста секогаш беше во солидарност со метафизичкото значење.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Толеранцијата е шанса за постмодерноста. Солидарноста е шанса за толеранцијата” - напишавте во текстот Модернитет и амбиваленција.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не можете да зборите за солидарност, а да ги држите шупците затворени ко најгрозни стипси, упорно гребејќи се за по некој долар и марка!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Вклученоста во материјалното производство форсираше принудна солидарност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Таа систематски ја поткопува солидарноста во семејството, а го нарекува својот лидер со име кое директно му се обраќа на чувството на семејната лојалност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имаше во тие тешки сталински денови, кога со интелектуалците лесно можеше да се пресмета штотуку создадената работничка класа со неуките, ограничени секретари на чело, една тивка, ненаметлива, но сеприсутна солидарност од сите страни со Игора Лозински, со неговото дело и со мисијата на Цветана Горски.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Беше среќен од помислата што тука бие срцето на пријателството, солидарноста со големиот пат на јагулите, заедно со отсутната душа на големиот пријател, Игор Лозински, спасителот на животот на Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Заедничките идеали за коишто се бореле, како и истата судбина што ја делеле по турските зандани, придонесувале солидарноста меѓу македонските заточеници, повеќе или помалку да биде редовно присутна.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Со особена почит
Луан Старова
XXII
Доживував чудесна поттикнувачка солидарност со моите француски читатели на трите први објавени книги во Париз од мојата балканска сага, благотворна поддршка, која дотогаш и ми беше непозната и покрај фактот што веќе имав објавено дваесетина книги во земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Бев восхитен од оваа поддршка на моите читатели, од нивната солидарност, со кои најмногу ме поврзуваше вистината на моето пишување, живеејќи во различни светови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Исѝ одос”, ќе се повика на солидарноста во името на Бога, ќе го заколне во споменот на Соломон, во Ерусалимскиот Храм, во Светијата на светиите...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ми преостанува да ви се заблагодарам за вашата солидарност со моите книги и нивното објавување во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Глобализацијата на пазарите ќе ја зајакне планетарната солидарност но ќе зајакне потрагата и потврдувањето на идентитетот со зголемувањето на бројот на државите-нации, кој ќе стаса до над две илјади.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)