созема (несв.)

Никаде повеќе Мартина не го соземаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Митко прво силно се изненади и за малку ќе ја испуштеше слушалката, а потоа кога малку се созема почна силно да вика, онака како што правеше мајка му.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ЛУКОВ: (Се скаменува на местото. Одвај се созема од ненадејниот удар.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сѐ повеќе се созема Глигор и сѐ поубаво се бистри во неговите очи девојката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тука застана и оттука како да почна да се созема.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Разбиената лани Организација почна да се созема.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бугарските војници, околу Илија, дури тогаш се соземаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Браќа и сестри, се созема попот, не треба да очајувате пред болеста што ја запознавте.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се фаќам под гушата, се тријам, се прибирам, се соземам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се соземам полека и здогледувам када за бањање, крпи, бањарки, големо огледало... Од кај се најде сега бања?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Зар така, од ништо, се соземам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но штом ќе сфатеше дека станал нивни заробеник, бргу-бргу се соземаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со ноќи потем сонував дека таа неизвесност ја платил со глава; го мислев, господин судија, не дека не сум го мислела; го сонував како паѓа од тој проклет трапез, од огромна височина и како си го крши вратот; се будев во пот и плачев; подоцна, многу подоцна, дури и го посакував, како жена што посакува маж; имаше ноќи во кои посакував да се спакувам и да заминам (оти Партијата, како и секоја партија, пропадна како брод од хартија), но секогаш брзо се соземав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што да ти кажувам. Недобрињето на стариот човек созема немаат...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Летка виде дека со помош на виното Едо се созема, доаѓа на себе и има пригодна идеја.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но наеднаш, соземајќи се од прошетката по веселото шаренило, ведрината во нејзиниот поглед ја замени чудна изненаденост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Нека е вечен”, рече синот на Тајко свечено и соземајќи се.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Треба, вели, да се соземам, а ќе има кога, вели, бидејќи ќе останела во Долнец подолго одошто планирала кога дошла.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но тој се совзема, чека да му мине згорештеноста и таблата пак спокојно испливува пред неговите очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе