создава (несв.)
Оти позгодно е да се поправаат после, отколку првпат да се создаваат.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
104. И така комитетите, а заедно со нив и воопшто Македонците, се ослободуваат од влијанието на бугарската влада, создаваат своја независна програма за работа, таа програма ја пропагираат во Бугарија и со неа добиват влијание врз бугарскиот народ, а преку него и врз владата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не се мисли ли да се создава сега нова македонска народност?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од тоа не излегува дека човек со својата логика може да го создава движењето на логичките категории на „апсолутниот дух“, туку дека човечкиот разум, како една од појавите на „светскиот разум“ субјективно го открива „објективизираниот“ „апсолутен дух“ во природата или општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Самото спротивставување, борбата и слевањето на овие спротивни тенденции го создава движењето на категориите на „светскиот разум“, го обусловува „немирот“ и „саморазвивањето на апсолутниот дух“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Хегел никојпат не тврдел дека човечкиот субјективен „светски разум“ го создава движењето на категориите на „објективизираниот апсолутен дух“ во природата или општеството (неговата дијалектичка филозофија го признаваше приматот на надворешниот, „објективизираниот светски разум“ над самоспознатиот, „субјективниот разум“ кај човека), туку верувал дека во неговата филозофија „апсолутниот дух“ се „самоспознал“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Кај Милева ми врвеше, орман ми се одзиваше.` За забележуење е дека младината предничи во воспевуењето на доскорешната борба и луѓето што таа ги исфрли од народните недра на згорнина. На собори, на работа, во домоите на културата, на празници средсело - младинците колективно создаваат нови песни.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Нашиот народ - сеќавајки се на оние денои кога голорак стана против мошна и организирана армија и успеа да излезе победник од таа борба, - црпи сили за великите дела што пак, со своите сопствени раце, ги создава во слободната и среќна Татковина.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Додека пристапот на Чебренскиот Мост го штитеше тесниот пат и непристапните карпи, оној на Светецот беше незаштитен од природата, та требаше на вештачки начин да се бара и создава заштита, макар и по цената на човечки животи. И ја најдоа бунтовниците.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
„Зар е можно да паднат и да пуштат корен опасните бацили токму тука?“ и полека и сигурно во мачниот тек на иследувањето се создава во него нешто како обврска, одговорност за нешто и некоја не сосем определена виновност, што се создава од самата службена потреба да се наѕира во душите, во мислите...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Ти верувам, само... само дистанцата што ја создаваш меѓу мене и тебе ме потсетува на нешто...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кога наближи до училиштето, срцето ѝ се стегна, зашто од училишниот двор не се слушаше онаа толку позната врева, што ја создаваат детските гласови.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Гледаше како во неговите полузатворени очи се исплетуваат од светлината безбројните игриви виножита: сино-црвени, винено-жолти, лилаво-зелени, со полно усвитени искри, што се менуваа во една бескрајна низалка на боите, создавајќи уште во првиот следен миг нешто сосема ново.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Па тој ме тера мене да помислам често дека сите луѓе отсекогаш краделе, а тоа е онаа неговата вистина, што тој ни ја наметна на сиве, така што дури и јас речиси заборавам многу работи, што ги знаев за животот, кога мислев дека сѐ зависи од тоа колку се сака да се создаде нешто, и колку труд ќе се вложи во тоа, и колку чесност и ќе се вложи во тоа, колку чесно и ќе се сака и ќе се создава тоа, и уште колку среќа ќе се има притоа, и дека не постои ништо друго, што би можело да влијае.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во тунелите што се создаваа на тој начин момченцето полека се губеше, поправо тонеше, па кога некој би гледал отстрана би му ги видел само рамењата и главата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ја зеде потоа секирата в рака, го погледна муртејќи се темнопепелавото небо, па се затрча по патеката што преку темната букова корија, низ која високо во гранките се провираше ветерот, оставајќи ги разнишаните гранки да крцкаат, да се удираат, да се тријат една од друга, создавајќи најразлични шумови, и се упати преку Гола Глава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Вивнаа пламенчиња под жарот од сланината што почна да се топи, се рашири пријатна миризба, создавајќи во изѕемнатата душа на детето нишка од убаво настроение.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)