сожалува (несв.)

АРСО: (Како да го сожалува.) Е, ама ќе ја држиш чашката дури не се испразни, зашто таа сирота, си нема столче, ѝ се окршило.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бидејќи сите го сакаа и го сожалуваа Мирчета, рекоа дека тука бездруго ќе е виновен и Бошко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Гледаше во нас. Можеби бараше сочувство за себе. Беше еден од оние што сакаат да се сожалувани.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се сети дека боговите диктираат и судат, порасна високо над нив, преголем да уверува со грмотевици, па сакаше да ги сожалува (не можеше) и сакаше да им се смее (не можеше ни тоа).
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Арсо ги дофаќаше гласовите, насмешливи, пакосно развеселени, ги чувствуваше врз себе погледите што сожалуваа, осудуваа, навредуваа и сето тоа како тежок товар паѓаше врз него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеби го сожалуваат и го мразат?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Навистина треба да сожалуваш што не си ја треснал главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некој го сожалуваше, некој му се потсмеваше. Така ти е тоа секогаш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се наведнав и продолжив во оној час кога низ проредениот дожд се спровреа првите снегулки кога, како да ја сожалуваат мојата осаменост и ненужност, повторно се огласија над високите покриви невидливи диви гуски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не ми се закануваше. Можеби се лутеше на себе што ме остава навреден и понижен, можеби ја сожалуваше недозреаната младост во мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред прикаската, вмугри, го довлекле гладен и исцрпен и, сожалувајќи го стар и нагрнат со безбојна черга, му дале да јаде и му дале ракија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме сожалуваа. Бев дете и немав ставено дланка на женска дојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- На раат нека си ги измие главата и брадиштето- рече баба ми сожалувајќи го попот со самохраното синче.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Лежев сосем неподвижен, небаре мртов и самиот си се сожалував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го сожалуваа што не беше во состојба да купи најобична коза за да го спаси семејството!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се сожалува Богдан, ѝ го отвора прозорецот да влезе внатре, но таа одново бега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со силите што ми преостануваа повторно можев да чувствувам, да ги сожалувам – жртвуваните егзекутори кои беа готови и мене да ме егзекутираат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И сега, тука е она девојче со својата баба кое се сожалува на кутриот горила и ја отвара вратата на неговиот кафез.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кој кого да сожалува во нашата родна земја која мораше да се сака и кога те убива, но заробена од самата себе поради грешниот ментален склоп на некоја глава, со невидени параноични последици за невините луѓе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На потсмев голем беше изложен отец Стефан Писмородецот (сега и од тука натаму Лествичник), и јас, иако не можев да го сакам, сепак го сожалував, оти од височини највисоки падна, како црн ангел согоре и се пеплоса.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе